Денеска во теренска посета на дел од кочанските населени места беше Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Политичкото насилие и автократско своеволно поништување на грасањето во Македонскиот парламент го затекна Јанушев во селото Оризари од каде тој реагираше за ваквиот противзаконски, вонпроцедурален акт на самоволие на Талат Џафери.
“Продолжуваме со посетите, денес овде во Кочанско ги посетивме населените места Горни и Долни Подлог, сега се наоѓаме во Оризари. Разговаравме со луѓето и морам да ја пренесам горчината пред се во однос на последните случувања коишто ги имавме во Собранието на Република Македонија, оваа криминално-рекетарска банда предводена од Заев и СДСМ продолжува со еден крајно криминален, со еден крајно нечесен начин, со насилнички начин на донесување на законите во Собранието, изјави Игор Јанушев од Кочанското село Оризари и продолжи:
“Но, народот тоа го гледа и им ја праќа пораката дека гледа по своето, а доаѓа по своето на 12-ти април, кога ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ќе извојува убедлива победа. И тоа не е затоа што ВМРО-ДПМНЕ тоа го порачува, тоа е затоа што граѓаните го гледаат ова, што се случува во државата, граѓаните знаат да го проценат тоа и граѓаните ќе ја дадат довербата на нас.
Граѓаните ќе ја дадат довербата затоа што во нашата програма ветуваме реални работи, ветуваме зголемување на пензиите за 20 отсто, ветуваме зголемување на платите за 25 проценти, но и намалување на невработеноста под 10 %. Во Македонија доаѓа обновата, 12-ти април е денот кога народот доаѓа по своето“.


