Во статија објавена во најтиражниот весник во Израел „Haaretz“ е раскажана приказната за отказот на првата Македонска Министерка од еврејско потекло Рашела Мизрахи.
Откако влезе во Министерството за труд и социјална политика како дел од Техничката влада Рашела Мизрахи доживеа огромен и брз подем истакнувајки се со својата работа во самото министерство ни и во секојдневните контакти кои неуморно ги имаше од утро до вечер, во обид да има помогне на што е можно поголем број на граѓани.
Како резултат на нејзината успешна работа таа се најде под директен удар на најмоќниот човек во државата Техничкиот Премиер Оливер Спасовски кој даде предлог за нејзино разрешување во парламентот.
На последниот ден од работата на последниот парламентарниот состав каде владеачко мнозинство имаше СДСМ и нејзините коалициони партнери, пред да се распуштат изгласаа нејзино разрешување од функцијата Министер.
Рашела Мизрахи за реномираниот весник тврди дека нејзиниот отказ доаѓа како политички мотивиран, а не затоа што зборувала пред табла на која стои името „Република Македонија“.
Весникот наведува дека првиот еврејски министер во (терминот на “с”) Македонија беше отпуштен минатиот викенд откако го користеше претходното име на земјата прекршувајќи го контроверзниот договор што земјата го има потпишано со соседна Грција.
„Разрешувањето на Рашела Мизахи, иницирано од премиерот Оливер Спасовски, беше меѓу последните акти на привремената влада во малата балканска држава. Пратениците гласаа 62-26 во корист на отпуштањето на Мизрахи, откако таа држеше прес-конференција пред знакот на кој се наоѓа поранешното име на земјата, „Република Македонија“.
Антисемитските напади беа изненадување. „Луѓето во Македонија не се антисемитисти“, рече Мизахи оваа недела за Хаарец. „Сметам дека тие напади се дел од едно грозно политичко сценарио кое се искачи на нивото на антисемитизам, спомнува жолти ѕвезди и непријатни вербални напади“, пишува весникот.


