Додека рестораните, кафе баровите, пицериите беа преполни со музика, забава, весело расположение и останати карактеристични појави за празникот на жената- Осми Март, во текот на вчерашниот ден сестра Маја беше на своето работно место.
Таа под целосна работна униформа согласно препораките за спречување на епидемијата на Корона Вирусот за Осми Март беше дежурна во одделот за изолација на Клиниката за инфективни болести, каде ја работеше својата работа поврзана со заболените лица кои се присутни во овој оддел.
Одбележувањето на Осми Март има вистинска смисла со укажување на достојната почит и внимание кон сите жени во светот, а најмногу кон оние кои несебично, пожртвувано и доследно до крај ги вршат своите дејности од поширок интерес на сите во заедницата.


