Падна и третата жртва заразена со Ковит-19. Бројот на досега евидентирани заразени изнесува 177 лица а само во последните 24 часа се евидентирани нови 29 заразени лица. Најголем број од новоевидентираните заболени лица се во Скопје- 20, по што следуваат Куманово-2, Велес-3, Прилеп-2 и Дебар-1.
Она што е индикативно е многу малиот број на направени тестови на Корона вирус чиј што број до денес изнесува 1000 направени тестови.
Оттука во јавноста се наметнува прашањето дали власта намерно не овозможува масовно тестирање на граѓаните на Ковит- 19 за да ги прикрие реалните бројки на заразени лица.


