Првата и единствена до сега директна странска помош од европските земји која што ја доби Република Македонија беше од Република Словенија во вид на авионска пратка со медицински и заштитни сретства.
За оваа помош која пријателска Словенија ја донираше за потребите на Македонските граѓани за справување со пандемијата на Ковит-19 говореше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју на национална телевизија во петокот.
Мицкоски во интервјуто информираше дека всушност помошта од Словенија пристигнала по претходен негов разговор со словенечкиот премиер и истата веќе тогаш пристигнала и ќе можат да ја користат оние на кои најмногу им е неопходна и кои се во првите борбени линии со невидливиот непријател.
По ваквата изјава на Мицкоски од владината ПР служба побрзаа да ја демантираат истата, фалејки се себеси дека тие се заслужни за оваа помош. На ваквата лажна информација пласирана од официјалните владини претставници, се надоврзаа провладините медиуми кои во обид да го скријат неуспех во справувањето на кризата и целосниот аматеризам кој што го манифестираат целиот период наназад владините функционери, ја спинуваа информацијата до ниво на баналност.
Во текот на денешниот ден во насока на обзнанување на вистината Словенечкиот Премиер Јанез Јанша сподели свое соопштение преку социјалните мрежи:
Тој напиша:
“Веднаш по разговорот со Христијан Мицкоски во кој ме извести за сериозната ситуација во Македонија во врска со коронавирусот, го поврзавме министерството за одбрана на Словенија со министерството за внатрешни работи на Македонија за да испратиме помош на пријателската држава. Истовремено јас лично им се јавив на неколку лидери од ЕУ, да ги потсетам да не заборават на државите од Западниот Балкан.”
Takoj po klicu @MickoskiHM, ki je @vladaRS obvestil o skrajno resni situaciji v 🇲🇰 glede #koronavirus, smo povezali @MO_RS in #MNZ 🇲🇰 ter v okviru #CZ poslali nekaj pomoči prijateljski državi. Hkrati sem osebno pozval nekatere voditelj v #EU, naj ne pozabijo na države #WB https://t.co/EYOB2PU7nM
— Janez Janša (@JJansaSDS) April 5, 2020
Во интервјуто на Христијан Мицкоски беше најавена уште една донација за помош на Македонските граѓани од уште една пријателска земја на Македонија која во текот на наредната недела ќе пристигне во Македонија.


