Денеска Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци Виктор Паунов ја алармираше јавноста за проблемите со кои секојдневно се соочуваат жителите на селото Таринци во оваа општина.
Имено станува збор за долгорочен проблем поврзан со водоснабдувањето на населението во ова село во одредени делови каде жителите немаат вода за користење во рамки на нивните секојдневни потреби.
Решението на ваквиот проблем се наѕираше со најавата за реконструкција на водоводната мрежа вклучена во предизборната програма на актуелниот градоначалник Јорданчо Насев во 2017 година, но до ден денешен не е на повидок започнување на имплементацијата на овој ветен проект.
Во продолжение ја пренесуваме во јавност реакцијата на Виктор Паунов во врска со овој проблем во целост:
“Таринци 10-тина дена со намален притисок на водата за пиење, а на поголем дел од селото и воопшто нема вода.
Лажните ветувања на локалната власт се на дело, ветуваа трајно решавање на овој долгогодишен проблем но неспособноста и незаинтересираноста на власта е очигледна.
#ЈорданНасев👎🏻
❌ Нема реконструкција на водоводната мрежа!
❌ Ништо од промовираната пречистителна станица…
❌ Браната на козјачка река остана само на хартија во промашената програма на сдс!”


