• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Има ли Уставен суд во државата?

април 14th, 2020 Македонија коментари 1003

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Има ли Уставен суд во државата?

Денеска на прес-конференција од партиското седиште Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ ја информираше јавноста за поднесената иницијатива пред Уставниот суд на Република Македонија за поништување на уредбата на Владата на Оливер Спасовски со која се овозможува исплата на драстично големи суми на пари за поранешните вработени во Специјалното јавно обвинителство.

Аргументите на ваквата иницијатива Милошоски ја темели на меѓународни правни акти и членови од Уставот.

Во продолжение во целост го пренесуваме текстот на прес конференцијата на Антонио Милошоски:

“Би сакал да ве известам дека поднесена е иницијатива до Уставниот Суд на Република Македонија за поништување на уредбата со законска сила која се однесува на исплатата на големи пари за поранешните вработени во СЈО. Иницијативата е поднесена вчера од страна на Никола Мицевски, Координатор на досегашната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Очекуваме Уставниот Суд во најбрзо можно време да се произнесе по оваа предлог иницијатива. Дозволете ми на кратко да објаснам зошто е поднесена ова иницијатива и зошто сметаме дека уредбата која што се однесува на поранешните вработени во СЈО и исплатата на големи парични средства за нив е неуставна, незаконита и економски штетна.

Прво институтот „вонредна состојба“ согласно повеќе меѓународни документи ратификувани од страна на Македонија, а особено меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Европската Конвенција за човекови права има две главни компоненти од кои едната е законска рамка, а другата е оперативна рамка. Тоа е фактички вонредната состојба. И секогаш кога има законска рамка, законската рамка на било која уредба со законска сила мора да се однесува на темата која што е основа за прогласувањето на вонредната состојба.

Уредбата за исплата на пари на поранешни вработени, службеници, истражители во СЈО нема никаква допирна точка со основата за прогласување на вонредна состојба во Република Македонија, а тоа е борба со пандемијата и вирусот Ковид-19 и неговите здравствени и економски последици. Затоа сметаме дека оваа уредба е незаконита, е противуставна и е спротивна на уредбите кој што Република Македонија ги ратификувала како членка на Советот на Европа.

Понатаму оспорената уредба очигледно е дека има една интенција- незаконски да регулира материја кој во ниеден аспект не е поврзана со главната причина заради која што претседателот на државата воведе вонредна состојба, ниту пак има состојба на итност или нужност да уреди некое прашање за функционирање на државата за да е справи со епидемијата на Ковид 19 во Република Македонија. Затоа сметаме дека Владата ја злоупотребила вонредната состојба за да исплати пари на поранешни вработени во СЈО кои што се блиски членови на Заев, на Катица Јанева, на поранешни и сегашни обвинители и судии и партиски послушници на актуелната Влада.

Кои членови се повредени од Уставот? Со оваа уредба се повредени членот 8, членот 9, членот 51, членот 106 како и членот 126 од Уставот на Република Македонија. Затоа сметаме како ВМРО-ДПМНЕ дека доколку оваа уредба остане во сила ќе предизвика правна несигурност и ќе предизвика двојно уредување на една иста материја што е спротивно на членот 8 став 1, односно на челото на владеење на правото како една од темелните вредности на уставниот поредок, како и спротивно на членот 51 од Уставот според кој што сите закони и уредби мора да бидат во согласност со Уставот и другите прописи уредени со Закон.
Затоа ние како подносители на оваа иницијатива предлагаме Уставниот суд итно да донесе времена мерка за запирање од извршување на оспорената уредба со законска сила по однос на СЈО. И второ Уставниот суд да донесе одлука со која што ќе ја поништи Уредбата со законска сила, а која што се однесува на јавно-обвинителските службеници, истражители и другите вработени во СЈО и за финансирањето на нивните незаслужени високи плати, хонорари и други трошоци.

Она што недостига и ја прави уредбата уште посомнителна е тоа што во предлогот на самата уредба, предлагачот, министерството за правда не сакал да ги открие финансиските импликации кои што ќе ги има оваа уредба, но тоа лесно може да се провери иако Владата сакала да сокрие.

Имено во 2019-та година на СЈО секој месец му се исплаќани по 272 илјади евра, односно до месец септември на СЈО се исплатени нешто од прилика 2,5 милиони евра. Доколку се земе ова како просек и се пресметаат месеците од октомври 2019 година до месец мај оваа година до кога што ќе трае вонредната состојба на СЈО ќе треба да му се исплатат отприлика два милиони евра.

Сметаме дека во моменти кога здравствените работници не се доволно опремени, кога болниците кубурат со основни средства за работа и борба против вирусот, во моменти кога имаме се поголеми редици на нови невработени луѓе кои што добиваат откази од мали и средни претпријатија заради економската криза е навистина големо расипништво да се потрошат два милиони евра за поранешните вработени службеници и истражители во СЈО кои се блиски до СДСМ.

Затоа се прашуваме зошто девојката на Лазар Јанев, син на Катица Јанева би имала повеќе права да добие високи средства и хонорари од Владата како поранешна вработена во СЈО, а да не може тоа да го добие некој келнер, готвач или касиерка која што ја загубила својата работа во изминативе месец дена.

Зошто ќерката на поранешниот директор на МЕПСО, Сашо Василевски, Марија Василевска вработена по роднински врски во СЈО би била побитна од некој друг граѓанин вработен во приватниот стопански сектор кој што изминативе месец дена добил отказ заради тешката економска состојба и заради неспособноста на владата да им помогне на стопанските субјекти.

Зошто Ефтимија и Љупчо Чочурски, братучеди на обвинителот Гаврил Бубевски би биле побитни и привилегирани да добијат илјадници евра во оваа тешка ситуација, а тоа да не го добие некој здравствен работник како награда за тоа што работи по 14 часа на ден и се бори со пандемијата и во Куманово, и во Скопје и во Прилеп и во Дебар.

Затоа ние предлагаме после по укинувањето на оваа уредба која што е спротивна на Уставот и законите кои ја регулираат оваа материја за работни односи Владата да размисли и овие два милиони евра кои што би ги потрошиле за поранешните вработени службеници шофери, истражители и кафекувари во СЈО да ги намени многу покорисно, односно со два милиони евра да размисли да купи 500 квалитетни скафандери за доктори и медицински сестри и 10 нови амбулантни возила кои што Заев ги ветуваше дека ќе ги купи уште пред 4 години.

Или доколку овој предлог не е соодветен тие два милиони евра кој што би требало да бидат потрошени од државниот буџет за СЈО би можеле да се потрошат за да се помогнат новите 10 илјади невработени луѓе кои што секој ден се регистрираат во Агенцијата за вработување.

Сметаме дека би било многу поправично и по морално доколку овие два милиони евра наменети за милениците роднините и партиските послушници на Заев и на Катица Јанева се наменат за реалниот сектор за здравствените работници и за луѓето кои што губат работа затоа што владата не е способна да интервенира и да им помогне на стопанството. Се надевам дека Уставниот Суд во најскоро време ќе ја разгледа оваа иницијатива и истата ќе ја уважи.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Мицкоски за АЛФА ТВ: Долгот на државата може да оди дури и над 65% од БДП
Следна објава Жителите на с. Таринци без вода за пиење и покрај ветувањата на градоначалникот за реконструкција на водоводната мрежа
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 708
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 643
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 666
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1322
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 599
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 692
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 367
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 458
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 668
Жена на денот
Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

745
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

1271
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1473
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Вистината боли, но таа е!
Матна Брегалница

Вистината боли, но таа е!

Сеп 4th, 202219
Повик за учество во културно-уметничката програма „За подобар видик“ од Општина Кочани по повод 3 декемри, Денот на лицата со попреченост
Регион

Повик за учество во културно-уметничката програма „За подобар видик“ од Општина Кочани по повод 3 декемри, Денот на лицата со попреченост

Ное 12th, 202219
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.