Дополнителниот заменик министер за земјоделие, шумарсво и водостопанство Цветан Трипуновски на своја прес конференција ја алармираше јавноста во врска со постоечки индиции за можна злоупотреба на народни пари како дел од постапка за јавна набавка за избор на најповолен понудувач за уредување на канали за вода за наводнување во Росоман.
Трипуновски своите индиции ги темели на фактот што и покрај тоа што не е завршена тендерската постапка до крај, сепак на терен се присутни изведбени работи во врска со позиции од оваа јавна набавка.
Во продолжени проследете ја прес конференцијата на Цветан Трипуновски во целост:
“АД за Водостопанство на Република Македонија под закрила на Трајан Димковски прави криминал и злоупотребува народни пари. Моментално се вршат работи на каналите за наводнување во Росоман, иако тендерската постапка не е завршена и нема одлука кој понудувач дал најповолна понуда и го добил тендерот.
Иако постапката се уште трае на терен работите се во тек. Оттука се поставуваат логичните прашања:
1. Како АД Водостопанство и Димковски знаат која фирма ќе го добие тендерот?
2. Дали тендерот е однапред договорен, а јавниот повик е само про форма постапка?
Криминалот и неработата во Министерството за земјоделство наскоро ќе бидат минато, а тогаш ќе има одговорност за сите законски прекршувања што ги направи оваа власт.”


