Драган Ковачки- Полковник во Армијата на Република Македонија вечерва имаше свое забележително гостување во дебатнатата емисија “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.
Заедно со своите домаќини Ковачки разговараше за повеќе актуелни теми и прашања претежно од областа на неговата професионална преокупација и животен пат а тоа е безбедноста и состојбите во Армијата,
Новинарот Горан Момировски кој што е еден од водителите на емисијата направи краток вовед со спомнување на некои од професионалните квалификации на Драган Ковачки за вовед во емисијата:
Според мене вие сте еден од доказите дека оној мит што сака да го наметне СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ дека е некаква антизападна испостава дека води анти НАТО анти ЕУ сентимент, вие го негирате целосно тоа поради тоа што најпрво сте работеле со нашите сојузници во НАТО, многу одамна и второ имате образование кој што го имаат мал број офицери во регионот, што завршиле со највисоки оценки на британската воена школа
за потоа преку прашањето:
-Kако коментирате кога слушате дека партијата која што ве номинираше за Министер за внатрешни работи и сега ве номинира за дел од листата за кандидати за пратеници на изборите ја обвинуваат дека е анти НАТО и анти ЕУ?
од полковникот Ковачки да го добие следниот одговор:
Мислам дека тие обвинувања се смешни, тие се за внатрешна употреба. Знаете, партијата која што целиот свој историски развој го должи на една про-руска односно про-српска структура, ја обвинува партијата која што уште од самото формирање во својот статут има регулирано дека е про- западна и партија која што тежнее кон евро-атлантските интеграции. Јас како припадник на АРМ, сега како кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија, можам да кажам дека тие работи што излегуваат во јавноста се потполно неточни.
Знаете јас го имам завршено моето највисоко образование во Лондон во Кралската академија за одбрана. Целокупниот мој професионален развој се одвивал на школите во Америка и Британија. Исто така со учеството во мисиите, конкретно во Мисијата “Слобода за Ирак” во 2003 година како офицер за специјални операции и разузнавање, мислам дека сите тие тези се побиваат. Ние таму бевме под раководство на американските сили. Вие знаете дека Република Македонија испрати трупи во Ирак без одобрение на Советот на Обединетите Нации. Ние таму заминавме со одлука на нашата влада и парламент. Што е тоа што може да биде поголем доказ дека сме ние сојузници со САД и западниот свет? Таму тежнееме, таму сме тргнале и таму ќе стигнеме.
Погледнете ја целата емисија со гостување на Драган Ковачки каде говори за повеќе други актуелни работи во продолжение:


