Откако беше цел на обидот за навреди и дискредитација на лична основа од страна на службата за пропаганда и вербално оцрнување на сите неистомисленици во Министерството за одбрана под контрола на Радмила Шеќеринска , Драган Ковачки достојно на ниво на неговиот капацитет и човечка дисциплинираност упати своја реакција во јавноста.
Истата ја пренесуваме во целост во продолжение:
“Во Македонија мора да направиме систем во кој луѓето ќе мора да ги вреднуваме според резултатите а секој ќе си носи одговорност за сторено.
Импровизацијата која што функционерите на СДСМ предводени од Радмила Шеќеринска во Министерството за одбрана на Република Македонија ја прават, е опасна по безбедносниот систем.
Релативизирањето и дефокусирањето од сторено кривично дело за кое тврдам дека ќе има сериозни последици и во нашите односи со НАТО, е само на штета на државата.
Одговорност за ваквите постапки мора да има. Во најкус можен рок мора да изградиме систем каде што вакви аматери и нивните неодговорни постапки ќе бидат подалеку АРМ и од институциите на системот.
Високите стандарди на нашите сојузници тоа го бараат од нас, но пред се тоа е обврска кон македонските граѓани.
П.С. Задржете го нивото на политичка комуникација со аргументи, а не на лични напади. Јас ниеднаш не Ве опоменав дека носите гардероба од 2000 евра додека мојата војска оди во партали, а старешините од свој џеб купуваат хартија за печатење и тонери.”


