Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип Иван Јорданов денеска на своја прес конференција упати своја остра реакција кон надлежните во врска со лошата состојба со заразата со вирусот Ковит-19 во Штип.
Тој бара директна одговорност за ваквите поразителни информации кои се присутни во јавноста во последните денови од “неодговорната власт”.
Во продолжение ја пренесуваме неговата реакција упатена до јавноста:
“Бројките за Штип се загрижувачки, а уште повеќе загрижувачки е односот на властите.
Кризниот штаб, на чело со командантот еден месец не заседаваа, затоа што поважни им беа изборите, отколку здравјето на граѓаните.
Кога текстилните работници и целата јавност апелираа за можните последици, надлежните инспекторати и кризниот штаб наместо мерки и контрола на превозот, издаваа дозволи за работа во полициски час.
Сега кога сето она за кое што АПЕЛИРАВМЕ излезе на виделина, без ниту малку срам и чувство за одговорност ги обвинија граѓаните дека тие се виновни затоа што се опуштиле.
Одговорност за неодговорната власт мора да има, затоа што штипјани не заслужуваат ваков однос.”


