Денеска по повод Светскиот ден за заштита на животната средина членови на подмладокот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Делчево спроведоа еколошка акција во живописната околина на манастирот Св. Ѓорѓи во непосредна близина во Делчево во подножјето на планината Голак.
Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет во Делчево и Советник од опозицијата во делчевскиот совет Кристи Стојковски упати своја видео порака во јавноста по овој повод. Истата ја пренесуваме во целост во продолжение:
“Почитувани
По повод Светскиот ден за заштита на животната средина, Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ во Делчево, како општествено одговорна младина, направи мала акција за чистење на околината на манастирот Свети Ѓорѓи.
Целта на нашата акција е да ги поттикнеме граѓаните на Делчево да се грижат и да ја унапредуваат животната средина.
Правото на здрава животна средина е уставно загарантирано право во Република Македонија и сите сме должни да ја заштитуваме и унапредуваме животната средина и да ја зачуваме за идните генерации.
Воедно би сакале да ги повикаме локалните власти во општина Делчево, бидејќи се должни да обезбедат здрава животна средина за граѓаните, да се погрижат за градската депонија која веќе подолго време испушта отровни гасови и го загрозува здравјето на граѓаните.
Ви благодариме.”


