Жители на Карбинци реагираа на социјалните мрежи по повод набавката на нов автомобил од типот Голф 7 од страна на Градоначалникот на нивната општина со свои честитки.
Фејсбук страницата “Граѓански глас Карбинци” реагираше дополнително за тоа што жители на општината немаат вода за пиење, немаат ново училиште и мост во Карбинци како што ветувал предизборно градоначалникот, ама “голфче има”.


