Од општина Македонска Каменица ја информираа јавноста дека извршиле надградба на противпожарно возило за потребите на Територијалната противпожарна единица. Тендерот со кој е реализирана оваа активност е во износ од 1,2 милиони денари а инвестицијата е на Општина Македонска Каменица.
“По претходно спроведена Јавна набавка целосно е завршена надградбата на ПП возилото за потребите на ТППЕ Македонска Каменица. Со ова, ТППЕ Македонска Каменица според потребите за делување на единиците, добива зголемена мобилност и олеснет пристап до крајните населени места на територијата на општина Македонска Каменица.
Со издвоените средства во висина од 1,2 милиони денари општина Македонска Каменица значително ја подобрува ефикасноста на ПП возилото за зголемена безбедност на граѓаните и нивните имоти при појава на пожари и останати природни непогоди,”
-соопштуваат од Општина Македонска Каменица.
Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Македонска Каменица реагираа во јавноста преку социјалните мрежи со став дека за тие пари можело ново возило да се набави.


