На 31-ви август во 20.00 часот во Младинскиот парк во Велес ќе биде одржан концертот на виолинистката Пламенка Трајковска со наслов Лејдис енд Џентлмен. Концертот е дел од манифестацијата Велешко културно лето. На концертот во гудачкиот квинтет покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Наташа Диденко, Сандра Крстевска, Магдалена Попоска и Љубица Бошкоска. Гости на концертот се Трио Џентлмен.
На програмата на концертот Лејдис енд Џентлмен Пламенка Трајковска, во свој стил, повторно низ мултимедијално доживување, ќе го претстави својот опус, наменето за вљубените во убавиот звук на виолината, во обработките на народните песни, како и за оние верни на вечната убавина и моќта на класичната музика. Концертот Лејдис енд Џентлмен премиерно беше изведен како јубилеен концерт на Пламенка Трајковска во рамките на овогодишното издание на Скопско лето и беше сниман од Македонската телевизија.
Извор: Фејсбук


