Видео кое препорачуваме да не го гледаат клиентите на режимот:
Игор Јанушев пополека прераснува во најсилна ударна тупаница на ВМРО-ДПМНЕ во Македонскиот парламент.
Во своето моќно и впечатливо обраќање на денешниот втор ден од парламентарната расправа за предлог владата на насилно и противуставно узурпираната мандаторска улога од страна на Зоран Заев, Игор Јанушев не штедеше зборови за жестока критика на понудените кадри како старо-нови министри во новата влада на чесни и неизвалкани кадри како што Заев милува да ги каже.
“Почитувани, би сакал денешнава прилика еве на вториот ден од оваа седница да ја искористам за да прокоментирам дел од експозето на мандатарот односно владината програма и предлог министрите. Ќе започнам нормално од ова што прво го спомнав и би сакал вака да ги погледнеме и да ги продискутираме ветувањата од т.н. ТОП ШОП Мандатар. Бидејќи тој секогаш може повеќе, тој секогаш нуди и не застанува тука.
Па еве почнувајќи од пред неколку години ветуваа 30000 денари плата. И тоа не е се! Овие избори во оваа програма таа плата е зголемена на 34000 денари. И ова е добро. Би можело да биде и одлично доколку првичните 30000 денари успееја некако да ги постигнат. Но како и за се останато: Лага до лага!”
-реагираше на почетокот на своето обраќање пратеникот Игор Јанушев.
За останатите лажни ТОП ШОП понуди на ТОП ШОП Мандатарот слушнете во видеото во продолжение:


