• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

На Македонците не им преба признание од Софија за своето постоење

септември 22nd, 2020 Став коментари 753

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
На Македонците не им преба признание од Софија за своето постоење

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЕКАТЕРИНА ЗАХАРИЕВА, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА БУГАРИЈА

НА МАКЕДОНЦИТЕ НЕ ИМ ТРЕБА ПРИЗНАНИЕ ОД СОФИЈА ЗА СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ!

17.05.2020 година

Почитувана Захариева,

проследувајќи ги вашите изјави последните денови на ТВ, човек не може, а да не се запраша, дали се работи за хумористична програма или трагикомедија. Во една од вашите изјави во врска со македонскиот идентитет ќе истакнете “никој не им оспорува да се самоопределат како што сакаат“. Е баш Ви благодариме, небаре од Вас чекавме дозвола и од Вас зависи тоа! Нејсе, токму горенаведениот факт е всушност вашата болка, ВАШ проблем! Не, наш! Не, македонски! И секако, вашиот комплекс тука не завршува, напротив тука почнува.

Веднаш потоа, во стилот на брзата птица итрица во истоимениот цртан филм, со брзина на светлината, самата веднаш се демантирате, па ќе истакнете, дека тоа право на Македонците ВИЕ им го признавате и им го дозволувате, но само од 1944 година па натаму! Хаха, смешно, нема што! А кој ве праша? Македонскиот народ сигурно не! Не му е грижа за вашите фантазии!

Кои сте па вие да одредувате туѓи истории, туѓи колективни мемории и национални чувства? Небаре имате монопол врз историските факти, па вие ќе диктирате новокомпонирана политичка лажна историја, па уште не за себе, туку и за други? Нема да дозволиме! Сеуште ја повторувате истата грешка! Не учите од историјата, туку настојувате да ја измените, сакајќи да ги скриете своите историски грешки. И секогаш на погрешната страна на историјата. Историјата вам ви се повторува.

Госпоѓо Захариева, за нас историчарите, па и за Македонскиот народ, вие сте само уште една жална фигура која ја повторува истата матрица, која не може да излезе од бугарското клише за негирање на македноскиот идентитет, јазик и култура. Добро би било да се надраснете! При очи се правите слепи! Вашето негирање на вековното постоење на Македонскиот народ, со свој јазик, своја уникатна култура прифатена во целиот свет, со сопствена и засебна историја, за нас не е ништо ново. Напротив, да сте ја проучиле подобро македонската историја, ќе сте заклучиле дека не сте ни први ни последни во вековната низа на негатори, а сепак Македонскиот народ, јазик, култура, традиција, колективна меморија и национално чувство опстанале и опстојуваат до денес. И тоа евашиот комплекс и вашиот проблем. Но, повторувам, тоа е Ваш, не наш, не македонски!Ние, нашите проблеми во вид на предавници и политички квислинзи, како и во минатото, така и сега, ќе ги пребродиме, Македонскиот народ ќе ги надживее и повторно, како и секогаш, сам без никаква странска помош од некоја од големите сили, сами ќе си се избориме за нашите правдини. Впрочем, слушнете ја македонската химна, токму тоа и се пее во неа.

Со изјавата дека го признавате самоопределувањето на Македонскиот народ од 1944 година, дали сакате да кажете дека во Македонија се водела ГРАЃАНСКА ВОЈНА? Се бореле БУГАРИ против БУГАРИ? Хаха, каков хумор. Тоа не поминува! Сакате како “браќа“ да не ставите на страната на силите на Оската? Не, не, тоа не може! Колку и да сакате тоа и да го направите, не ќе можете, бидејќи вистината е сосема спротивна. Македонија и Македонскиот народ во Втората светска војна ја одбраа вистинската страна, страната на Антифашистичката коалиција, а не како Вас погрешната страна и, пак, само поради САН СТЕФАНСКИОТ сон. Македонската војска сама ја ослободи Македонија!Вие бевте тие кои со сите административни, полициски, воени и предавнички сили настојувавте тоа да го спречите. Ако бевме “браќа“ зошто така ѕверски ги убивте: Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Цветан Димов, Васил Антевски Дрен, Вера Јоциќ, Кире Бајрамчевски, Ваташките деца, Кузман Јосифовски – Питу, Дабничкото клање и други ѕверства, а стотина други испративте во затвори и интернации само поради тоа што беа МАКЕДОНЦИ? Нивниот идеал беше самостојна, независна и обединета Македонска држава, со МАКЕДОНЦИ, МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА! Вашите административни, полициски и воени сили требаше сето тоа да го оневозможат. Но, не успеаја во тоа. Дали тоа е “братски“, почитувана Захариева? Или по умесна би била онаа народната: “Кој ти ги извади очите?“ “Брат ми!“ “Се гледа по дупките. Многу се длабоки“. Благодарам за такво братство, почитувана Захариева.

Зарем според Вас, членка на ЕУ, во XXI век, неоснованото и политички диктирано негирање на факти, аргументи и научни докази и трудови (домашни и меѓународни) за историскиот континуитет на Македонскиот народ, ОСОБЕНО ПРЕД 1944 година, се европски стандарди? Што промовираат европските стандарди, НЕГАЦИЈА ИЛИ АФИРМАЦИЈА на различностите? Сметам дека е второто. И сигурен сум дека тоа лежи во основата на европските стандарди. Но, тука, за жал, се наоѓаме во период во кој се’ почесто се доведувани во прашање “европските принципи“. Несомнено дека во прашање е кризата на идентитет на ЕУ и нејзините цели и вредности. Во моментов, политичка предност ви дава членството во ЕУ – “блудницата Вавилонска“ – која е само бледа сенка од некогашните европските стандарди и наместо еднаквост и соработка, ја злоупотребувате за уцени и закани.

Треба да Ви биде јасно, што побрзо ја прифатите реалноста, дека за сосед имате повеќевековен народ МАКЕДОНСКИ, КОЈ ЗБОРУВА МИЛОЗВУЧЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ИМА СВОЈА УНИКАТНА ИСТОРИЈА И КУЛТУРА, ќе Ви биде полесно и Вам и на Вашата политичка гарнитура која сеуште мечтае за неизживеаниот сон за САН СТЕФАНСКА БУГАРИЈА! Но, тоа е завршена приказна. Си го имате како државен празник да Ве потсетува на Вашите неуспеси кои дури и во XXI век не можете да ги пребродите.

Па така, доаѓаме до политичкиот “Договор за пријателство и добрососедство“ (ако е тоа!?), а кој во суштина, е сосема спротивното. Велите “основата на нашиот договор е историјата“ и дека истиот требал да ги реши историските работи, а преку тотално идентитетско, јазично и историско обезличување на Македонскиот народ.Почитувана Захариева, до денес не ми е познат договор за добрососедство и пријателство меѓу две држави во кој како основа за негово реализирање се става историјата. Со ова само се потврдува она што го зборувам од потпишувањето на договорот, дека е асиметричен на штета на Македонија! Повеќе од јасно е дека комисиите се продолжена рака на политичарите и нивната улога е само “про-форма“ со цел да го легитимираат и да му дадат привид на научна тежина на веќе договореното меѓу политичарите, што во јавноста, неодамна, го потврдија и премиерот Зоран Заев, кога изјави дека решение ќе се најде, Бујар Османи кој истакна дека договорот е потпишан и мора да се реализира, а исто така и на бугарскиот премиер Борисов кој изјави дека за нив работата е решена со потпишувањето на договорот и Македонија е таа која треба да го реалзира, како УСЛОВ/УЦЕНА за почеток на ЕУ-преговорите. Многу итро, нема што. Ниту е “добрососедски“ ниту “пријателски“ ниту е договор. Само една ништовна уцена дадена од позиција на сила, завиена во украсна хартија. Никого не излажавте, свесен е Македонскиот народ, со векови го градел имунитетот на ваквите итроштини.

Еве еден предлог. Пријателски и добрососедски, поддржете го патот и влезот на Македонија во ЕУ без услови и уцени, па откако станеме членка, тогаш како еднакви и без можност и механизам да поставувате уцени и услови со цел да наметнувате решенија, нека седнат историчарите од двете земји, на научни собири, конференции и нека работат врз основа на научна методологија. Не ќе да ви одговара така, нели? Вие најдобро си знаете дека аргументите не се на Ваша страна и затоа со крајни сили и ултимативни барања ги злоупотребувате механизмите на ЕУ од позиција на надмоќ, со цел да спречите објективно и научно толкување на историјата и прифаќање на истата, колку и да е болна за вас. Е, ама и ние го знаеме истото. Поради тоа, вашиот ултиматум да се делегитимираат и обезличат македонските историските факти и аргументи, е осуден на пропаст!Самите кажавте, дека договорот (читај: уцената) е поради историјата. Испорачаните решенија барате да бидат политички, а не решенија на комисии донесени врз основа на научна методологија и ослободени од политички притисок, уцени и рокови. Истите треба да ви послужат за добивање на легитимитет на вашите наметнати аспирации преку политичкиот диктат. Следствено, сметам дека комисијата треба ан блок да се повлече и да ги прекине преговорите. Ова е уште една причина за неизбежниот неуспешен крај на уште една ваша историска грешка и неправда. Политички договори се склучуваат, но и се раскинуваат!

Политички сојузи и унии се формираат, но и се распаѓаат, идентитетот и јазикот остануваат!

Па така, Македонскиот народ во некои подобри и поповолни времиња, ќе и’ пресуди и на оваа неправда и ќе си дојде по своето. Македонија имала, има и ќе има синови и ќерки кои ќе се изборат против неправдите. И тие ќе бидат повторно дел од нашата историја, колективна меморија и национална свест. Тие ќе бидат наши херои кои ние ќе си ги славиме и сеќаваме. А вие? Веројатно повторно ќе се обидувате на секој начин да ја измените историјата, срамејќи се од своите претходни постапки и историски грешки.За крај, почитувана Захариева, ние не сме “един народ“, напротив ние сме два многу различни народи со испреплетени, но дијаметрално спротивни истории. Вие нацифашисти, ние антифашисти! Вие окупатори, ние борци за слобода и самостојност! Вие уцени и услови, ние почит и разбирање! Ниту нашите претци, ниту ние, ниту нашите потомци ќе прифатат поистоветување или изедначување со вашиот или со било кој друг народ и нација. Ние знаеме кои сме и што сме, какви сме такви сме, Македонци сме! Никогаш ништо друго и поинаку.

Само со меѓусебно респектирање и почитување на различностите, без било каква уцена и негирање, со меѓусебно прифаќање на историјата како два посебни и засебни народи, можеме пријателски и добрососедски да чекориме кон и во Европа. Европската унија и нејзините стандарди Ви се постојано во уста, но за жал, европските стандарди кај Вас, сеуште не успеале да надвладеат и се уште не сте излегле од матрицата на вашите претходници. Со еден збор: СТАРА МАТРИЦА, СТАРА ПЕСНА.

П.С. Вам можеме само да ви бидеме благодарни поради фактот што со постојаното негирање на македонскиот идентитет, јазик и култура го постигнувате спортивното: ВИЕ САМИТЕ ИСТИТЕ СИЛНО ГИ ЗАЦВРСТУВАТЕ!

Пишува проф. д-р Тодор ЧЕПРЕГАНОВ

македонскиот историчар и поранешен директор на Институтот за национална историја

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Парламентарното мнозинство сака да ги избегне медиумите па затоа ги почнува седниците попладне
Следна објава Неисполнети ветувања за жителите на Долни Балван од Градоначалникот на Карбинци, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Може да Ве интересира:
Партиски активисти на СДСМ носат пакетчиња за првачињата во училиштата во Кратово
Македонија

Партиски активисти на СДСМ носат пакетчиња за првачињата во училиштата во Кратово

септември 4th, 2022 434
Образование е ова или карневал? Дали власта намерно ја уништува оваа држава?
Македонија

Образование е ова или карневал? Дали власта намерно ја уништува оваа држава?

септември 4th, 2022 399
Јован Андоновски: Дали знаете дека судиите и обвинителите не одговараат за своите постапки?
Македонија

Јован Андоновски: Дали знаете дека судиите и обвинителите не одговараат за своите постапки?

август 26th, 2022 868
Проф. Виолета Ачкоска: Време е за обединување на сите сили за одбрана на националното достоинство
Македонија

Проф. Виолета Ачкоска: Време е за обединување на сите сили за одбрана на националното достоинство

август 16th, 2022 453
Митко Чавков се обрати кон Рускоска: Вилма е заплеткана во мрежа која дел и самата ја создаваше
Македонија

Митко Чавков се обрати кон Рускоска: Вилма е заплеткана во мрежа која дел и самата ја создаваше

август 4th, 2022 1048
Војводи- Тетово: Ако нас не теретат како хулигани, тогаш тие кај Мавровка со пиштоли се терористи!
Македонија

Војводи- Тетово: Ако нас не теретат како хулигани, тогаш тие кај Мавровка со пиштоли се терористи!

јули 22nd, 2022 490
Јоци кон Таче и Оливер: ...Применуваш сила и паѓа крв, си ,,играш" притоа играчки со разни ,,фантоми" и ,,молотови" - скроз си ја откачил спиралата на безредие!
Македонија

Јоци кон Таче и Оливер: ...Применуваш сила и паѓа крв, си ,,играш" притоа играчки со разни ,,фантоми" и ,,молотови" - скроз си ја откачил спиралата на безредие!

јули 6th, 2022 826
Ковачки: Најголемиот проблем е што никој не го видел Протоколот што ќе го потпише Бујар
Македонија

Ковачки: Најголемиот проблем е што никој не го видел Протоколот што ќе го потпише Бујар

јули 5th, 2022 523
За Шарената во патриотско руво
Македонија

За Шарената во патриотско руво

јули 5th, 2022 701
Жена на денот
Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

Floor Jansen- со глас кој претставува предизвик за многу светски вокали

2452
Маж на денот
Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

2157
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202218
Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење
Магазин

Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење

Јун 10th, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.