Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци Виктор Паунов денеска во своја реакција во јавноста ги обвини локалните власти во општина Карбинци за неисполнетите ветувања кои што одат на штета на граѓаните на општината.
Паунов го прозва градоначалникот на Карбинци дека и после 3 години локална власт каналот за одводнување “Герен” е во лоша и нефункционална состојба иако пред изборите во 2017 година било ветувано уредување на овој канал.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата на Виктор ПАунов во врска со овој проблем:
“очитувани жители на Долни Балван
Денес овде од Долни Балван она што можам да го утврдам крај одводниот канал ,,Герен” е катастрофалната состојба на ова место.
Иако пред неколку месеци локалната власт направи обид за манипулација на населението само пред избори, денес ова е вистинската реалност, ова е симболот на неработењето на Јордан Насев и оваа локална гарнитура.
Пред 3 години ветија уредување и канализирање на овој канал, денес на само 1 година од заминување на оваа власт сите изговори се попусти.
Целата иронија е во фактот што овој проект го ветија во предизборната програма од локалните извори, а денес изговорот е дека не било во нивна надлежност!
ВМРО-ДПМНЕ во следниов период ќе излезе со конкретни решенија и идните проекти кои ќе ги понудиме пред граѓаните ќе бидат од суштинско значење и ќе произлегуваат од самата комуникација и потреба на населението.”


