Во вечерашниот термин на емисијата “Заспиј ако можеш” со Драган Милосављевиќ и Горан Момировски во 22.30 часот на Телевизија АЛФа ќе гостува Полковникот Драган Ковачки.
Драган Ковачки беше мета на директни и индиректни напади во изминатите неколку денови откако беше именуван за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Претседателот Христијан Мицкоски.
Бурна реакција во јавноста произнесе Радмила Шеќеринска која што од позиција на една од 4 најмоќни луѓе во државата го нападна Ковачки за неговата политичка активност. Шеќеринска поради тоа на прес конференција најави и измени во Законот за армија со кои што ќе му забрани на Ковачки и други воени лица да се занимаваат со политика иако Уставно загарантирано право на секој државјанин на Република Македонија е да има своја политичка слобода.
Кон таквите најави по Шеќеринска со одобрување и поддршка се придружи и Стево Пендаровски од позиција на Претседател на државата.
Дали импресивното CV на Драган Ковачки, неговиот габарит на експертиза и професионално искуство овие двајца високи функционери на СДСМ во највисоките институции во државата ги загрижува е прашање кое што заслужува одговор во иднина.
Во секој случај очекуваме интересна емисија и одговор на повеќе прашања од Ковачки како на оваа тема така и за неговите визии и очекувања во иднина да се развива Македонија особено во делот на безбедноста која што до темел е руинирана од страна на актуелната власт. Иако зборот НАТО Шеќеринска не го вади од уста во изминатиот период војниците и армиските старешини знаат во какви услови работат секојдневно.


