• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Илија Димовски: Признавањето на МПЦ – ОА е прашање од највисок државен и национален интерес!

октомври 3rd, 2020 Став коментари 766

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Илија Димовски: Признавањето на МПЦ – ОА е прашање од највисок државен и национален интерес!

Постоењето на Охридската архиепископија, како канонска наследничка на Јустинијана Прима (своевремено една од неколкуте први по великодостојност) е една од историските вертикали кои низ римскиот, средновековниот и отоманскиот период ја цртаат, во прво време политичката, а потоа и културошката и јазичната, засебност на територијата на Македонија и на населението кое живее тука.Во периоди, низ средниот век, кога со македонските територии владеат византиските, бугарските и српските кралеви и цареви, опстојувањето на Охридската архиепископија како засебна православна автокефална црква, одвоена од Цариградската, Трновската и Печката, уште повеќе ја засилува нашата посебност во однос на грчките, бугарските и српските верски, културни и јазични влијанија и претензии. Охридската архиепископија на периоди и како единствена словенска православна црква на територија на Отоманската империја била заштитник и духовен светилник не само за населението на територија на Македонија, туку и многу пошироко до Далмација, Србија, Влашка, Бугарија, Албанија, Епир и Тесалија.

Укинувањето на Охридската архиепископија е најстрашниот, најтрагичниот и најлошиот момент во целокупната наша историска патека. Укината е засебноста, но и перспективата за во следниот век таквата засебност да ја развиеме, први или меѓу првите, во посебна етно-национална патека, а не бидувајќи предмет на туѓите (грчките, бугарските и српските) аспирации и асимилација.

Укинувањето на Охридската архиепископија е врвот на трагедијата на Македонија, а Букурешкиот договор е само последица на тоа. Ако постоеше нашата Охридска архиепископија, немаше да се случи Букурешт 1913 година. Православните држави низ историјата се конституираат во рамките на границите на своите цркви. Постоење на призната црква значи гаранција за постоење или некогаш и потреба за воозобновување на држава.

Сосема логично и историски исправно, уште пред оддржување на АСНОМ (село Издрглавје 1943 година), нашите умни и мудри луѓе започнуваат процес на воозобновување на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Тој процес е од суштинско значење за утврдување на засебноста на македонскиот народ и новата македонска држава.Оспорувањето на автокефалноста на МПЦ – Охридска архиепископија е оспорување на нашата засебност како народ. Живеењето во одвоеност од останатиот православен свет значи непризнавање на нашата засебност од нашите православни браќа. Тоа е факт, кој колку и да не боли, мора да го признаеме.

Иницијативата која МПЦ – ОА ја превзема со интернационализирање на нашиот проблем преку вклучување на БПЦ, а следствено на тоа и на првата по великодостојност Цариградска патријаршија е добар обид за конечно прифаќање на нашата црква како засебна целина од сите околни јерархии и нејзино признавање како автокефална црква на територија на Република Македонија.Оваа иницијатива не е нова. Добар е потегот на Претседателот Stevo Pendarovski и Премиерот Зоран Заев да дадат државна поддршка на овој процес. Но, да потсетам дека ова не е прв пат државата да биде вклучена во црковното прашање како поддржувач. Многу пати и Претседателот Ѓорге Иванов, поранешен Претседател на Република Македонија, Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски – Trajko Veljanoski и Премиерот Nikola Gruevski имаа средби и комуникација со Цариградскиот Патријарх Вартоломеј во насока на барање разбирање и признавање на нашата Македонска Православна Црква. Првата ваква иницијатива ја започна Владата на Премиерот Ljubco Georgievski со силна поддршка и од тогашниот Претседател Борис Трајковски.Ова прашање има историска, вековна тежина и значењето е високо над било какви политички и партиски интереси. Секоја патека која нашата МПЦ – ОА ќе ја доведе до автокефален статус заслужува поддршка од сите нас.

Прифаќањето и признавањето на МПЦ – ОА ќе е темел кој нема да може да се руши, дури и во вакви историски времиња кога од сите страни се руши нашата засебност, идентитет и јазик.Македонскиот народ заслужува да биде рамен на сите православни народи, заради тоа што е еден од првите кои го прими христијанството. Така ќе бидеме посилни.Живееме во историски момент за нашата МПЦ – ОА и нашиот македонски народ, да бидеме мудри и паметни, како што не сме биле многу пати.

https://www.facebook.com/ilija.dimovski/posts/10223946483553660

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Денеска протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и политичкото насилство
Следна објава Драган Ковачки: Крајот на печалбарите во Владата ќе се случи побрзо отколку што сите мислат
Може да Ве интересира:
Партиски активисти на СДСМ носат пакетчиња за првачињата во училиштата во Кратово
Македонија

Партиски активисти на СДСМ носат пакетчиња за првачињата во училиштата во Кратово

септември 4th, 2022 472
Образование е ова или карневал? Дали власта намерно ја уништува оваа држава?
Македонија

Образование е ова или карневал? Дали власта намерно ја уништува оваа држава?

септември 4th, 2022 429
Јован Андоновски: Дали знаете дека судиите и обвинителите не одговараат за своите постапки?
Македонија

Јован Андоновски: Дали знаете дека судиите и обвинителите не одговараат за своите постапки?

август 26th, 2022 901
Проф. Виолета Ачкоска: Време е за обединување на сите сили за одбрана на националното достоинство
Македонија

Проф. Виолета Ачкоска: Време е за обединување на сите сили за одбрана на националното достоинство

август 16th, 2022 483
Митко Чавков се обрати кон Рускоска: Вилма е заплеткана во мрежа која дел и самата ја создаваше
Македонија

Митко Чавков се обрати кон Рускоска: Вилма е заплеткана во мрежа која дел и самата ја создаваше

август 4th, 2022 1076
Војводи- Тетово: Ако нас не теретат како хулигани, тогаш тие кај Мавровка со пиштоли се терористи!
Македонија

Војводи- Тетово: Ако нас не теретат како хулигани, тогаш тие кај Мавровка со пиштоли се терористи!

јули 22nd, 2022 537
Јоци кон Таче и Оливер: ...Применуваш сила и паѓа крв, си ,,играш" притоа играчки со разни ,,фантоми" и ,,молотови" - скроз си ја откачил спиралата на безредие!
Македонија

Јоци кон Таче и Оливер: ...Применуваш сила и паѓа крв, си ,,играш" притоа играчки со разни ,,фантоми" и ,,молотови" - скроз си ја откачил спиралата на безредие!

јули 6th, 2022 869
Ковачки: Најголемиот проблем е што никој не го видел Протоколот што ќе го потпише Бујар
Македонија

Ковачки: Најголемиот проблем е што никој не го видел Протоколот што ќе го потпише Бујар

јули 5th, 2022 595
За Шарената во патриотско руво
Македонија

За Шарената во патриотско руво

јули 5th, 2022 783
Жена на денот
Гламур како инспирација за секојдневието

Гламур како инспирација за секојдневието

2801
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

1951
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201924
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201918
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.