Денеска со своја објава на фејсбук Марк Зукерберк објави дека социјалната мрежа ја ажурираше својата политика за сшречување на говор на омраза за да го спречи негирањето на холокаустот.
“Денеска ја ажурираме нашата политика за говор на омраза за да го забраниме негирањето на Холокаустот.
Долго време бришевме објави кои што величат криминал на омраза или масовни убиства, вклучувајки го Холокаустот. Но со растот на анти семитизмот, ја прошируваме својата политика за да забраниме секаква содржина која што негира или ја изкривува вистината за Холокаустот исто така. Ако луѓето пребаруваат за Холокаустот на Фејсбук, ќе почнеме да ве пренасочуваме кон авторитативни извори за да ја добиете прецизната информација.
Се борев со тензијата помеѓу принципите на слобода на говор и штетата предизвикана со минимизирање или негирање на хоророт на Холокаустот. Моето сопствено размислување еволуираше како што бев сведок на податоци кои што покажуваат раст на анти семитско насилство, како и нашите пошироки политики за говорот на омраза.
Исцртувањето на вистинските линии помеѓу тоа што е а што не е прифатлив говор не е праволиниско, но во постојната ссветска состојба, верувам дека ова е вистинскиот баланс,”
-напиша на фејсбук Марк Зукерберг.


