Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во текот на утрешниот ден ќе протестира во три Македонски градови продив поскапувањето на електричната енергија кое што беше направено од страна на Регулаторната комисија за енергетика.
Во Скопје, Охрид и Прилеп со почеток во 18.00 часот ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните да им се придружат на утрешниот протест против осиромашувањето на граѓаните.
“Утре, 13 Октомври, Протест со возила во Скопје, Охрид и Прилеп против поскапување на струјата.
За време на криза е недозволиво да се зголеми цената на струјата, додека во други европски земји истата се намалува. Да не дозволиме богата влада, а сиромашен народ!”
-напиша на фејсбук Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во врска со овие протести.


