Продолжува авантурата на Зоран Заев во неговите напори да преговара за прашања кои што се однесуваат на Македонскиот национален идентитет со соседна Бугарија. И покрај јасните дефиниции на бугарската страна со кои што се бара менување на Македонската историја и постоењето на Македонскиот идентитет низ различни историски периоди, Зоран Заев не се откажува од своите определби да ги исполни дадените ветувања кон својот бугарски колега Бојко Борисов.
Последен чин на ангажирање на актуелните власти за преговори со бугарската страна е назначувањето на Исамедин Азизи кој што е научен соработник – доцент во Институтот за национална историја за нов член во Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Во претходниот период Заев правеше повеќе обиди зза притисок врз членовите на оваа комисија за прифаќање на бугарските позиции на штета на историските факти кои што го дефинираат Македонскиот национален идентитет низ историјата. Но по притисокот на јавноста, протестите на ВМРО-ДПМНЕ и одбивањето за менување на ставовите од страна на самите членови на комисија Зоран Заев сега прибегнува кон нова стратегија на подновување на комисијата со нови членови. Ваквата активност на Заев е во корелација со ангажманот на Владо Бучковски кој што на нетранспарентен начин преговара со бугарските власти.
До каде ќе се развива ваквата негаторска политика на Зоран Заев по однос на Македонските идентитетски прашања останува будно да следиме во претстојниот период.


