Неспособноста на актуелните здравствени власти во државата ги чини здравје и животи Македонските граѓани. Во сите околни земји околу Македонија тамошните здравствени власти започнаа со вакцинација на своите граѓани а граѓаните во Македонија се оставени на милоста на пандемијата и неспособноста на властите.
За овој огромен проблем со кој се соочуваат Македонските граѓани свој аларм во јавноста упати Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски според кого неодговорноста на Зоран Заев ги чини граѓаните човечки животи.
“Албанија денес почна вакцинација, во Србија веќе 85 илјади се вакцинирани. За Бугарија, Грција или Хрватска воопшто да не пишувам.
САМО во Македонија НЕМА ВАКЦИНИ!
Со Заев Македонија е последна, неговата неодговорност чини човечки животи!”
-реагираше Николоски преку социјалните мрежи.


