Во организација на Патриотскиот Институт ,,Гоце Делчев” и Унијата на Млади Сили на ВМРО ДПМНЕ во сабота 24.04.2021 година ќе се реализира настан за достојно одбележување на денот на смртта на Македонскиот револуционер и војвода Христо Узунов.
По тој повод Александар Пандов упати своја порака преку социјалните мрежи во чест на големиот војвода:
“Родила мајка Македонија многу синови, но сигурно еден од нејзините најголеми и најверни е Војводата Христо Дуле Узунов (Охрид 22.10.1878 – Цер 24.04.1905). По повод 116 години од неговото погибије, а во организација на Патриотскиот Институт ,,Гоце Делчев” и УМС на ВМРО ДПМНЕ ве поканувам во сабота на 24.04 со почеток од 11ч да дојдете во Цер, Кичевско и заедно да се поклониме и да одадеме почит на неговата херојска саможртва.
Во продолжение прочитајте го писмото од Христо Узунов до неговата биолошка мајка Анастасија:
„Мила мајко, јас сум првиот твој син и мој долг е да бидам покрај тебе за да не чувствуваш нужда од ништо. За твојата безгранична љубов, за илјадниците неволји и страдања, за безбројните бессони и мачни ноќи, поминати некогаш над постелата на твојот малечок, слабичок Дуле, јас ти должам најголема грижа и неизмерна синовска љубов. Но зарем можам, кога ги чувствувам болките на нашата измачена татковина, да не ѝ се предадам со љубовта на најверен син на нејзиното свето дело?
Маките на татковината се повеќе од сите страдања на секоја наша мајка. И јас – без ни најмалку да те навредам – се чувствувам повеќе син на мојата втора мајка – Македонија, отколку на тебе, која си ме родила.
Те молам – во името пак на моите свети чувства кон тебе – да не тагуваш, ниту да плачеш за мене. Ќе бидам најзадоволен ако ти со твоето држење бидеш пример за другите мајки и сопруги.“
#СлободаИлиСмрт
#СлободаЗаПатриотите
#СлободаЗаМакедонија“


