Зоран Заев со особено сентиментален израз на своето лице упати честитка по повод празникот на работниците 1 Мај. Во честитката Заев соопшти дека на прво место на економските приоритети на власта биле работниците, при што како влада успеале да обезбедат поддршка при што се зачувале илјадници работни места без притоа да прецизира за колку точно илјдадници работни места станува збор.
“1. Мај, празникот на работничките и работниците, и оваа година го одбележуваме во посебна состојба заради условите што ги наметна пандемијата.
Освен здравјето на луѓето, кризата се закани да загрози илјадници работни места. Токму затоа, на прво место на економските приоритети на Владата, уште од почетокот на пандемијата беше македонскиот работник – обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места, за илјадници вредни работници редовно да земаат плати и да однесат приход во своето семејство.
Работните места на прво место! Тоа беше главната цел на првите состаноци со економските тимови кога почна пандемијата. И задоволен сум што оваа наша цел немаше многу противници – напротив, преку заеднички консултации и со фирмите и со синдикатите, успеавме да ги задржиме работните ангажмани на многу наши граѓани и со тоа да ја држиме економијата жива и динамична.”
-стои меѓу другото во неговата честитка…


