Денеска во Штип се реализираше регионална средба на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски со Претседателите на Општинскиот комитети на ВМРО-ДПМНЕ од третата изборна единица како и со организационите секретари на партијата.
“Денеска остваривме Регионална средба на ниво на Изборна единица 3. На средбата присуствуваа претседателите на општинските комитети и организациските секретари со кои разговаравме за актуелните политички случувања.Сите сме одлучни дека оваа ненародна и штетна власт мора што поскоро да си оди.
Дојдено е време за нови политики на македонската сцена што ќе ги донесе ВМРО-ДПМНЕ.”
-соопшти генсекот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со оваа средба преку социјалните мрежи.


