• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Мицкоски јасно и гласно повика на барикади: Само народ на улиците може да го спречи предавството кое го спрема Зоран Заев

јуни 7th, 2021 Македонија, Политика коментари 676

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Мицкоски јасно и гласно повика на барикади: Само народ на улиците може да го спречи предавството кое го спрема Зоран Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес конференција од пред партиското седиште го повика Македонскиот народ да се спротивстави на тајните преговори кои што Зоран Заев ги спроведува со техничката влада во соседна Бугарија а се однесуваат на идентитетските прашања на Македонската нација, јазик и државност.

Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предводи блокадите на улиците во Скопје и ширум државата секојдневно почнувајки од утре во период од 15.00 до 17.00 часот.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Претседателот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ:

“Темата на денешната изјава е активностите кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги презема во следниот период, а се однесуваат на тајните преговори коишто двоецот Заев – Бучковски ги водат со официјална Софија, а се однесуваат практично на иднината на Македонија и евроинтегративниот процес на македонскиот народ, нација и држава во рамките на Европската унија.

Она коешто денеска сакам да го кажам, но и да го повторам е дека од високи дипломатски извори, од Брисел, но и од официјална Софија дознаваме дека барањата коишто се составен дел од Декларацијата усвоена во бугарскиот парламент практично ќе бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со Европската унија и од тој момент билатералниот проблем којшто ние го имаме со официјална Софија, а се однесува на посебноста на македонскиот народ, култура, традиција, обичаи, македонскиот јазик, антифашистичката борба, сите оние проблеми коишто се содржани во Декларацијата усвоена од бугарскиот парламент ќе бидат проблем којшто ќе го имаме ние  со Европската унија, односно од билатерален проблем, тоа ќе прерасне во проблем помеѓу Македонија и Европската унија.

Ова можеме да го спречиме само на еден начин, а тоа е јавноста со својата критика, а истовремено и народ на улиците, во рамките на тоа ВМРО-ДПМНЕ секој ден почнувајќи од утре ќе ги блокира на три места Скопје и десет градови во Македонија во периодот од 15 до 17 часот, се додека на јавноста не и биде покажан документот  „Патоказ“ или како сакате наречете го, којшто го преговараа двоецот Заев-Бучковски со официјална Софија, а се однесува на прифаќање на Декларацијата која е усвоена во бугарскиот парламент во 2019 година, да биде дел од преговарачкиот процес или да бидам чекор попрецизен тоа е првиот кластер „фундаменталс“ или претпоглавје. Така да како нација и  како држава доколку ова биде дел од преговарачкиот ние ќе бидеме доведени пред двоен избор,а тоа е или асимилација – бугаризација за еден ден кога ќе ви завршиме реформите и бидеме дел од ЕУ или замрзнување и напуштање на сонот за ЕУ.

За тоа апелирам до сите политички партии без разлика дали се леви, десни или центар, без разлика дали се парламентарни или надвор од парламентот, да се приклучат на барикадите, за тоа што македонскиот  народ, македонската нација заслужуваат одбрана во овој момент.

Да не биде после тоа доцна, за тоа што грешката денеска која што ќе се направи може да има влијание на иднината на сите оние генерации кои што се неродени и сите оние генерации кои што практично се денеска со нас и кои што треба нас да не наследат.

Оваа прилика ја користам да се обратам и до ЕУ, македонскиот народ, македонската нација, македонската држава заслужува без условување, без дополнителни патокази, без дополнителни договори уште од 2009-тата година почнување на преговорите со ЕУ. Ние ги споделуваме вредностите кои што ги споделуваат жителите на земјите членки на ЕУ. Македонскиот народ, нација и држава се вратата на Европа. Ние го споделуваме сонот на Аденауер, Шуман и Де Гаспери за Обединета Европа. За тоа апелирам до вас оставете ги овие хегемонистички барања од официјална Софија кои што ги негираат посебноста на македонскиот јазик, идентитетот, историјата, културата, обичаите, и стапете со вредностите на кои што почива идејата за ЕУ. Дајте ни датум да почнеме со преговори со вас и таа дата да биде сега на 21-ви јуни. Овој народ тоа го заслужува. Можеби тоа не го заслужува Зоран Заев и оваа Влада, со сигурност не, но овој народ тоа го заслужува. Оваа нација и оваа држава тоа го заслужуваат. Немојте дополнително да го притискате, тој е доволно уценет човек, него не му требаат дополнителни отстапки, овој народ не може тоа да го прифати. Ние сме за достоинствени преговори, а ние ќе ви покажеме дека можеме и заслужуваме да бидеме дел од вас на таа маса.

Јас знам дека нема никакви реформи, буквално ниту во една област. Но тоа што овој народ го направи за Европа во минатото, и тоа што овој народ го направи за Европа во поблиска иднина заслужува почеток на преговори. На 21-ви јуни дозволете ни да почнеме и да ви докажеме дека ние сме дел од Европа и заслужуваме да бидеме дел од Обединета Европа.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Македонското национално знаме вчера насилно тргнато од трибините во спортската сала во Струмица
Следна објава Ова е плакатот со кој што ВМРО-ДПМНЕ го повика Македонскиот народ на блокади ширум Македонија
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 567
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 544
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 535
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1195
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 517
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 596
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 325
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 406
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 564
Жена на денот
Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир и нејзините инспиративни совети кои со сигурност ќе ве натераат да размислувате

Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир и нејзините инспиративни совети кои со сигурност ќе ве натераат да размислувате

818
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1923
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202218
Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење
Магазин

Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење

Јун 10th, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.