Откако на прес конференцијата по натпреварот на репрезентацијата на Португалија на Европското првенство Кристијано Роналдо ги тргна двете шишиња кока кола од масата и ги замени со шише вода, во понеделникот, вредноста на акциите на Coca cola паднаа за 4 милјарди долари.
Кристијано Роналдо со неговите 36 години е во топ физичка и телесна форма што се должи на неговото одбивање да конзумира безалкохолни газирани пијалоци кои содржат големо количество на шеќери и вештачки бои.

Најголемите несогласување кои што Роналдо ги има со неговиот син кој го носи неговото име е токму поради прибегнувањето на Роналдо Помладиот да конзумира кока кола или фанта на што неговиот татко постојано му укажува тоа да не го прави.
Гестот на Кристијано Роналдо веднаш стана вирален на социјалните мрежи по што компанијата која произведува кока кола забележи пад од 4 милјарди долари.


