“Кетогенска диета” или кратконаречената кето диета е режим на исхрана преку кој се намалува внесот на нивото на шеќери во телото со зголемување на мастите со што се предизвикува телото да согорува масти за да обезбеди енергија. Додека лесно се помислува дека кето диета е универзална за сите возрасти и типови на организам, во реалноста всушност постојат повеќе различни видови на кето диети, од кои што човечкиот организам може да има различни придобивки зависно од тоа кои се вашите нутриционистички цели.

Луѓето користат кето диета многу често за да ја намалат својата телесна тежина, но таа може да помогне во справувањето со одредени медицински состојби, како што е епилепсијата на пример. Исто така може да им помогне на луѓето кои што имаат срцеви заболувања, одредени мозочни заболувања, но потребно е во иднина да се спроведат уште повеќе истражувања на тоа поле. За да се подложите себеси на кето диета најпрво разговарајте со вашиот матичен лекар за да дознаете колку е безбедно тоа да го направите, особено ако имате тип 1 дијабет.
Кето диета може да ви помогне да изгубите повеќе тежина во првите 3 до 6 месеци отколку некои други диети. Ова е возможно заради тоа што се потребни повеќе калории за да се трансформираат мастите во енергија, отколку во случајот кога шеќерите се претвараат во енергија. Исто така е возможно високомасните и високопротеинските диети повеќе да ве задоволуваат, со што јадете помалку, но тоа се уште не е докажано како научен факт.


