Опозиционерот Заев кога ја рушеше претходната влада, како секој втор збор да му беше ДЕБАТА. Сега на премиерот Заев му требало суштина за дебата.
А има ли поголема суштина од прашањето за идентитетот на Македонскиот народ?
„Пет пати сум прифатил дуел, а сега причината е Бугарија. Треба да посветиме време на поконкретни работи. Сите знаат во што е суштината на проблемот, цела Европа заедно со САД знае. Ќе прифатам кога ќе има суштина за ТВ-дуел“, рече Заев одбивајки го повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за ТВ-дуел за спорот со Бугарија.


