Во изјава за една национална телевизија Потпретседателот на СДСМ и Министер за економски прашања Фатмир Битиќи соопшти дека актуелната власт т.е. влада го поднела законот со кој се воведува еколошка такса со која граѓаните ќе плаќаат повисока цена на горивата, да се носи по скратена постапка во парламентот поради парискиот договор за климатски промени.
Предлог-законот за воведување зелена еколошка такса за горивата ќе се носи по скратена постапка поради Парискиот договор за климатски промени,
-соопшти Фатми Битиќи, кој што е на висока партиска функција во СДСМ за понатаму да прецизира:
“Мислам дека се уште не е дефинирано дали ќе се оди со европско знаменце, тоа ќе видат правниците и ние прифаќаме дека така треба да биде. Меѓутоа, ние сме меѓу оние земји кои треба да имаат дадено национален придонес кон Парискиот договор и затоа мислам дека не треба да се отстрани европското знаме од законот“
.


