До кое ниво се дојдени состојбите во кругот на еден од она што би требало да биде столбот на постоењето на Македонската држава?
На социјалните мрежи во повеќе наврати се објавени фотографии на полициски службеници како позираат со ѓезвиња за кафе, со микробранова печка, со мини електричен шпорет, со фрижидер кои ги претставуваат како донации за полициските службеници.
За ваквите невообичаени појави огромна бројка од граѓани реагираат со свои коментари на социјалните мрежи, од тоа дека полицијата е претворена во маркетинг предмет на производите кои ги рекламираат, до проблематизирање на драстично намалениот стандард во условите за работа на полициските службеници на кои државата е должна да им обезбеди нормални услови за работа како нивен работодавец.


