Во рамки на манифестацијата Каменичко Културно Лето 2021 која што секоја година традиционално се одржува во Македонска Каменица, за оваа година организаторите најавуваат повеќе атрактивни културни настани и имиња на учесници.
Покрај настапот на Македонскиот Поп-Рок состав АРЕА кој што е резервиран за 27 август, во рамки на ККЛ21 ќе настапи и суператрактивната Антонија Гоговска со нејзиниот бенд.
Македонска Каменица е една од општините во источна Македонија која што пополека се претвора во лидер во однос на културната понуда што ја нуди на своите граѓани во текот на целата година а особено во текот на топлите летни месеци.
Културните настани во Македонска Каменица кулминираат за време на празникот Пресвета Богородица кон крајот на месец Август.


