Во раните утрински часови на лице место на располагање за гасење на пожарот кај Пехчево пристигнаа поголема група со противпожарни возила и опрема на австриски пожарникари.
Во текот на раните утрински часови пожарот кај селата Негрево и Умлена беше најпрво локализиран а потоа целосно изгаснат од страна на мештаните помогнати од словенечките пожарникари.
Оперативни дејствија во текот на ноќта за локализирање на пожарот беа превземани и кај селото Црник, каде на помош на месното населени им пријдоа бугарски противпожарни возила и персонал од Благоевград, Петрич и Банско кои се на другата страна до границата.
Последните информации од терен утринава говорат дека пожарот се заканува кај селото Робово каде пламените јазици се надвиснати многу блиску до самите куќи.
Утринските часови се особено важни да се издејствува предност над пламенот затоа што во попладневните часови метеоролозите предвидуваат поинтензивни ветрови кои можат да ја влошат состојбата.


