Денеска на прес конференција од партиското седиште на СДСМ пратеничката на владеачкото мнозинство во парламентот Славјанка Петровска во јавности изнесе повеќе поединости во врска со новото законско решение кое е предложено во собраниска процедура за конфискување на нелегално стекнат имот,
“Досегашната примена на постојните законски прописи покажа одредени слабости, како и оневозможување на институциите целосно да ја спроведат конфискацијата на имотот.
Токму затоа, во насока на отстранување на овие недоследности во фаза на подготовка е Законот за потекло за имот, кој предвидува проверка на сомнително стекнат имот и отвора можност за негова конфискација.
Законот се изготвува од домашни и странски експерти, и влегува во фаза на јавни дебати со сите засегнати страни, како и политичките чинители во општеството.
Законот ќе важи за сите граѓани без разлика дали остварувале јавни должности и функции, ќе важи и за сите претходни, но и актуелни политичари, а истотака истрага ќе се врши и доколку имотот е префрлен на трети лица.
Со ова законско решение, за прв пат се воведува контрола на капиталот, со што се отвора патот за конфискација на нелегално стекнатиот имот и се спречува незаконско богатење врз грбот на граѓаните.”
-соопшто пратеничката Славјанка Петровска пд партиската говорница во штабот на СДСМ.


