Членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Дрган Ковачки утринава упати своја порака во јавноста по повод Денот на независноста на Република Македонија
Истата во целост ја пренесуваме во продолжение:
“Ценети граѓани на Македонија,
Нека ни е честит Денот на независноста.
На овој ден потсетете се што имавме во не толку далечното минато, што е тоа што сега имаме и што немаме, а што во иднина ќе немаме доколку заеднички не ставиме крај на пљачкањето, анархијата, некомпетенцијата и силувањето на државата.
Најважно од се’, на овој ден да размислиме што е тоа што може заеднички да го имаме сите како еднакви и рамноправни граѓани и дали Македонија на одбележувањето на 30-годишнината од својата независност не заслужува многу подобро.
#ЧеститДенНаНезависноста
#МакедонијаЗаСитеЛуѓе
#Битола19часот “
-напиша Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук.


