Во текот на вчерашниот ден требаше да се случи неформалната средба која што ја иницираше кандидатот за градоначалник на Делчево Д-р Николчо Стојменовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на која што сите политички чинители кои што учествуваат на претстојните локални избори во Делчево ќе имаа прилика на неформална дружба и да покажат пред лицето на јавноста на своите конструктивни и демократски определби.
Меѓутоа таквата средба од страна на актуелниот градоначалник беше одбиена со само од нему својствени причини и Горан Трајковски не се појави на средбата како што не се појавија ниту кандидатите за советници од редовите на СДСМ.
За ваквата состојба преку социјалните мрежи своја порака упати кандидатот Д-р Николчо Стојменовски кој упати жалење за најдиректното одбивање од страна на СДСМ на подадената рака:
“После поздравот преку социјалните мрежи кој веројатно градоначалникот Трајковски ми го упати мене пред некој ден, бидејќи името не ми го ни спомна, мислев дека ќе се предомисли и сепак ќе дојде на неформалната средба која ја закажав за денеска во 17 часот. Не знам од кои причини опозициската СДСМ не се појави на средбата, пред медиуми и на социјални мрежи се расфрлаат со термини како „демократија“ и „слободно и фер општество“, а во реалноста си знаат граѓаните како и дали тоа функционира.
Знам дека Кодексот за фер избори ќе го потпишеме, ама народот не живее од кодекси, туку од вистински потези на оние кои ги поддржале. Делчево има потреба од демократија во вистинска и реална димензија. Ете затоа повикав на средба, да види народот дека не се криеме зад процедури и формалности, туку дека сме исти како сите наши сограѓани. Пораката за жал не ја сфативте. Се надевам дека ќе Ви стане појасно после изборите. И благодарам на носителката на советничката листа на ЛЕВИЦА, Сања Николовска што навремено и коректно извести за нејзиното оправдано отсуство од средбата, при разговорот се договоривме дека ќе се сретнеме и ќе поразговараме во прва прилика.”
-напиша Д-р Николчо Стојменовски на фејсбук.


