Огромна чест и привилегија е да се биде на листа за кандидати за членови на совет од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Но и огромна одговорност е кога влегуваш во битката со искрени намери и чисто срце, не се сведува само на пораз на противникот туку и на победа на идеи и проекти со кои ќе се подобри живеењето на сите луѓе во нашата општина.
Да се обврземе да бидеме гарант за квалитетно , чесно и транспарентно работење.
Со макотрпна работа да ги реализираме максимум проектите од сите аспекти, од урбанизам, спорт, комунални проекти, образование, култура, проекти за млади, екологија, земјоделие итн.
На крај да се заблагодарам на сите членови на МК Тодор Александров за довербата што ми ја укажаа со тоа што ме предложија за кандидат од редовите на најголемиот МК при ОК Свети Николе.
Битката да ја водиме за сите луѓе, и Свети Николе да го направиме град за сите луѓе.


