• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Босна и Херцеговина на раскрсница. Балканот пред дестабилизација?

декември 7th, 2021 Колумна коментари 450

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Босна и Херцеговина на раскрсница. Балканот пред дестабилизација?

Периодов кризата во Босна и Херцеговина повторно ескалира, како во август 2021 година, и истита на крајот може да доведе до поделба на Босна и Херцеговина и до криза и дестабилизација на целиот Балкански Полуостров. Република Српска под водство на Додик отворено работат на проектот независна Република Српска. Националното собрание на Република Српска вчера донесе историска резолуција за повлекување од сојузната судска, безбедносна и трезорска унија во Босна и Херцеговина. Очигледно дека Додик го премина “Рубикон”, и 49 од 83 пратеници во телото гласаа за заклучоците со кои Националното собрание на Република Српска го повлекува одобрувањето на законите што ја регулираат одбраната и безбедноста, системот на индиректно оданочување и формирањето на Високиот судски и обвинителски совет. Интересно е дека пратениците од опозицијата ја напуштија седницата пред гласањето, откако опозициските лидери го обвинија Додик за време на жестоката дебата дека нуди опасни предлози кои можат да доведат до отворени конфликти во земјата и во регионот.

Република Српска укинува 4 закони за одбрана и безбедност, 7 даночни закони и законот за Високиот судски и фискален совет на Босна и Херцеговина. Се повлекува согласноста за пренос на овластувањата за безбедност (2005), фискална (2003) и за судска унија (2004). И од владата на Република Српска се бара да се повлече од договорите потпишани во тие години. Оние кои се за враќање на власта во Република Српска сметаат дека тоа не е кршење на Дејтонскиот договор од 1995 година, туку дека овие институции беа воведени подоцна (2003-2005 година). Законодавното собрание и дава на владата на Република Српска 6 месеци за делумно исклучување со Федерацијата Босна и Херцеговина: и донесување на нови закони на Република Српска за одбрана (армија), Судски совет, ДДВ и акцизи.

“Денешната одлука на Народното собрание на Република Српска да започне со изготвување на закони за создавање паралелни институции во Република Српска е натамошен чекор на ескалација [1].” – заедничка изјава на Амбасадите на САД, Велика Британија, Германија, Италија, Франција, и на другите земји членки на ЕУ.

„Членовите на владејачката коалиција во Република Српска мора да бидат свесни дека продолжувањето на движењето низ овој ќорсокак предизвикувајќи го дејтонскиот договор им штети на економските перспективи на ентитетите, ја загрозува стабилноста на земјата и на целиот регион и ја загрозува иднината на Босна и Херцеговина во ЕУ, пренасочување на инвестициите и пренасочување на фокусот од борбата против корупцијата [2]“ се вели во заедничката изјава на Амбасадите на САД, Велика Британија, Германија, Италија, Франција, и на другите земји членки на ЕУ.

Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска во Сараево изјави дека нема да има војна во Босна и Херцеговина, ниту армија на Република Српска.

„Тоа нема да се случи. Тоа еднаш го кажав и ќе повторам: Нема да има војна во БиХ. Ова не е 1991 година“, изјави Ескобар во интервју за сараевската телевизија Н1. „Прво, не постои армија на Република Српска. Второ, имаме мировен мандат од Советот за безбедност на ОН. Никој не го интересира таква ескалација. Ниту Србија, ниту Хрватска, ниту Русија, никого. Она што треба да се направи, ако ги погледнеме вооружените сили, е како да се создадат способни вооружени сили кои ќе ги задоволат потребите на сите“, рече Ескобар. Тој додаде дека „треба да се обезбеди функционирање на државата,  со сите разлики меѓу сите нивоа на власт [3]“.

Претседателот на Република Српска и член во претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, вчера имаше историски говор во Народното собрание на Република Српска. „Имаме карактер на слободен народ. Можат нас да не променат како што можат да го исушат океанот. Не сакам подобар аранжман само за Република Српска, сакам подобар аранжман и за Босна и Херцеговина“, рече Додик на почетокот на своето обраќање во парламентот на Република Српска. Тој понатаму рече дека е од суштинско значење за Босна и Херцеговина и ентитетот на Република Српска да се поставуваат и решаваат тешки прашања. Интересно е дека пред само неколку денови Додик беше во официјална посета на Москва, каде што имаше средба со рускиот претседател Владимир Путин. Најверојатно Додик се консултирал со Путин за активностите и чекорите кои што тој ги превзеде, и добил силна поддршка од Путин дека Русија стои позади Република Српска.

„Се соочуваме со големи предизвици. Ако не ги решиме овие предизвици, постои опасност Босна и Херцеговина да се распадне и Република Српска да се придвижи кон излегување од составот на Босна и Херцеговина“, додаде Додик. Мојот принцип, нагласи Додик, е дека ентитетските парламенти мора да играат поголема улога.

„Приговорите се однесуваат на мешање во нашата јурисдикција. Лути сме на пресудите донесени во Уставниот суд на Босна и Херцеговина. Босна и Херцеговина не оди во вистинската насока. Ќе мора внимателно да одмериме што ни треба, а што не. Ние не можеме секогаш да го добиеме она што го сакаме, но тоа не значи дека треба да се откажеме од тоа што е наше“, нагласи Додик. Тој додаде дека иницирале преглед на трансферот на надлежностите со цел да се добие анализа на ставките во кои Босна и Херцеговина помага и возвраќа.

„Босна и Херцеговина се движи во насока во која не се договоривме. Зошто не можеме да го имаме тоа што го потпишавме? Една по друга, надлежностите се менуваат во корист на Босна и Херцеговина и не забележуваме дека некој е загрижен за тоа. Затоа можеме да одговориме на прашањето за опстанок и излез од составот на Босна и Херцеговина. „Нека ги слушаат позициите кои се залагаат за враќање на надлежностите на субјектите“, рече Додик.

После тоа Додик изјави дека се што претходно прочитал е парафразиран говор на Дејвид Камерон, поранешниот премиер на Велика Британија. „Овој говор го одржа во 2013 година и со тоа го најави Брегзит. Само во овој говор ја заменив Велика Британија со РС, а Босна и Херцеговина со Европската унија [4]“, заклучи Додик. Во својот говор Додик најави и референдум за новиот устав на ентитетот Република Српска.

Лидерот на бошњаците Бакир Изетбеговиќ се огласи откако Народното собрание на Република Српска денеска ги усвои заклучоците со кои се отвора пат за враќање на надлежностите од државата на овој субјект. „Денешните одлуки на Националното собрание на ентитетите на Република Српска, кои беа изгласани од политичката група собрана околу Милорад Додик, се директен удар врз Дејтонскиот мировен договор и уставниот поредок на Босна и Херцеговина [5]“, изјави Изетбеговиќ. Според него, правосудните институции на Босна и Херцеговина се должни да реагираат одлучно и да преземат итни чекори од нивна надлежност. Високиот претставник Кристијан Шмит ја има истата обврска, како и земјите гаранти на Дејтонскиот мировен договор. Тој додаде дека не треба да има одлагање или чекање од шест месеци.

Претходниот Висок претставник за Босна и Херцеговина (како резултат на Дејтонскиот договор), Валентин Инцко, пред да му заврши мандадот, во август 2021 година го донесе указот за „Одрекување на геноцидот“, кој што внатрешно ја подели Босна. Додека Република Српска не го признава указот и изјави дека тој нема да се почитува на нејзиниот дел од територијата, другиот дел на Босна со радост го дочека тој закон. Според Дејтонскиот договор, најмоќниот човек во Босна е странец, односно Високиот претставник, и неговите одлуки, укази и закони никој од властите во Босна не може да ги поништи. Валентин Ицко со својот указ ја отвори Пандорината кутија, и сите понатамошно чекори кои што следеа од  страна на Додик и Република Српска се резултат на одлуката на Ицко. Балканот влегува во интересен и турбулентен период, како и цела Европа.


Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

  • Ознаки
  • Балкан
  • Босна и Херцеговина
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава НАЈАВА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЕКОНОМСКИ СОВЕТ ВО ШТИП, ЗА ПОДОБРА ИДНИНА ЗА СИТЕ ШТИПЈАНИ
Следна објава Безидејната македонска надворешна политика се изгуби во датумот
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 618
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 633
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 616
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 602
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 531
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 970
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 616
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 753
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 797
Жена на денот
Интересни факти за Лара Фабијан

Интересни факти за Лара Фабијан

883
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1903
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1479
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201920
Вистината боли, но таа е!
Матна Брегалница

Вистината боли, но таа е!

Сеп 4th, 202219
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201817
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.