• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

ОДБЕЛЕЖАНИ 150 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ВОЈВОДАТА СМИЛЕ ВОЈДАНОВ

февруари 2nd, 2022 Историски личности, Македонска бесмртност коментари 708

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
ОДБЕЛЕЖАНИ 150 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ВОЈВОДАТА СМИЛЕ ВОЈДАНОВ

Под исклучително ниски температури и со почитување на мерките за претпазливост од ковид-19, денес на градските гробишта Пери Маунт Парк во градот Понтијак во сојузната држава Мичиген со пригодна свеченост беше одбележан јубилејот 150 години од раѓањето на илинденскиот војвода, член на Македонската револуционерна организација и долгогодишен деец во македонското национално движење во татковината и во иселеништвото – Смиле Војданов.

Како што нѝ објаснија двајцата претставници на здружението „Заборавени Македонци„ за Соединетите американски држави Ана Дукоска и Гоце Панговски, одбележувањето на јубилејот “150 години од раѓањето на Смиле Војданов” претставува „заокружување на уште еден сегмент од патриотскиот долг кон храбрите и непоколебливи синови на Македонија кои целиот свој живот го посветија на делото за создавање на македонска независна држава. Во услови кога државата не дава сигнали на грижа за културно-историскиот континуитет на генерациите кои се вградија во создавањето на државата Македонија, наша должност е да го одбележиме секој македонски син и деец“ – нѝ рекоа претставниците на здружението.

Во воведното обраќање до присутните Ана Дукоска рече:

„Ако Македонците овде во САД сакаат автентично да го прикажат ликот и делото на големиот македонски деец Смиле Војданов тогаш не постои подобро место и не постои подобра паралела, а можеби и пророчка коинциденција, освен онаа со Обвандијак односно Понтијак, индијанскиот поглавица на племето Отава по кој овој град го носи името.

Поглавицата Понтијак беше водач и бранител на својата земја во големото и неуспешно востание од 1763 година, исто онака како што Смиле Војданов век и половина подоцна учествуваше во едно исто така неуспешно, но многу храбро и историско, македонско Илинденско востание од 1903 година за ослободување на Македонија.

За жал, на Смиле Војданов не му било судено гробот да му биде во Македонија, земјата во која се роди и за која се бореше. Тој е тука во САД, неговата втора татковина, кадешто почива во мир, и мошне заслужената почит.“

Нашиот сонародник и гласноговорник за правата на Македонците Гоце Панговски, кој помина 4000 км да дојде до Понтијак, можеби е најдобриот пример за вистинскиот жар кој тлее кај Македонците во оддавање почит кон вистинските борци како што беше Смиле Војданов. Панговски имаше пригодно излагање за животот и делото на војводата Војданов чијашто судбина ја доживеа и оваа наша генерација, да продолжат да се борат за татковината на оној својствен начин на кој тоа го правеше и нивниот сонародник Смиле Војданов.

Гоце Панговски зборуваше за патриотските етапи на Војданов почнувајќи од неговата жива и мотивирачка активност во текот на Илинденското востание во кое останува забележан по историскиот повик до македонските соборци-учесници во востанието од 1903 година:

„Дојде моментот да се дигнеме сите браќа Македонци и сестри Македонки рака за рака и рамо до рамо да застанеме заедно во борбата против петвековниот поробувач. Да ја извојуваме слободата на македонскиот народ, да ја спасиме нашата погазена национална и семејна чест. Слобода или смрт! Да живее ослободителната борба. Да живее македонскиот народ. Да живее слободата. Смрт на петвековниот поробувач и измачувач.“

Панговски го подвлече како исклучително важен Меморандумот поднесен до американската влада и претседателот Франклин Рузвелт на 11. февруари 1945 година од име на Македонско-американскиот народен сојуз (МАНС) на кој Смиле Војданов беше претседател и во кој се вели: „Македонското прашање е резултат на желбата и борбата на македонскиот народ за самоопределување и национална независност.„ Понатаму, образложувајќи ја историската димензија на македонската борба за слобода и независност, Војданов го споменува својот врсник Гоце Делчев и вели: „Борбата беше водена од ВМРО, формирана во Солун во 1893 година и оваа организација беше вистинска национална сила, предводена од страна на Гоце Делчев.“

Видно возбудени, на настанот говореа и двете внуки на Смиле Војданов, сестрите Џин Војданова-Јустинг и Џуди Војданова, ќерки на најмалиот син на Смилета – Илија Војданов. Илија бил ветеран од Втората светска војна и е погребан на истите гробишта во близина на својот татко.

Џин Војданова-Јистинг втората ќерка на Илија Војданов, најмладиот син на Смиле Војданов во своето обраќање до присутните меѓу другото рече: Благодариме на „Заборавени Македонци“ за организирањето на 150-годишнината за чествување на роденденот на мојот дедо Смиле Војданов.Тој навистина би бил мошне благодарен!

Сѐ уште ми е свежо сеќавањето на него како на една од последните маси во нашиот ресторан заедно со други постари сонародници зборуваат на македонски или како чита весници. Честопати во сеќавање ми е фотографијата од Смиле во востаничка униформа како борец против Османлиската Империја, но во тоа време не го разбирав целосно значењето на неговиот удел во Илинденското востание сѐ до оној момент кога одлучивме со мојот сопруг Кен да ја посетиме Македонија. Додека престојувавме во Охрид посакав да го посетам и Лактиње, родното село на татко ми Илија коешто се наоѓа на 30тина километри од Охрид. Во селската месна заедница во Лактиње сѐ уште стои фотографија од дедо ми со други двајца постари луѓе и на средсело има спомен-обележје во чест на неговото учество во Илинденското востание. Ви благодариме за организирањето на настанов.“

Сведоштвото за Смилета Војданов низ солзи нѝ го пренесе 87-годишниот Даниел Војданов, внукот на Смиле Војданов од неговиот најстар син Аврам, за тоа како неговиот дедо бил еден мошне мил човек, којшто секогаш имал време и благ збор за неговите внуци и за тоа како на прошетка по улиците на градот Понтијак, држејќи го за рака својот дедо Смиле, живо се сеќава дека сите луѓе, без разлика на нивното потекло или етничка припадност застанувале и го поздравувале што е јасен показател за каков човек станува збор.Затоа сите негови потомци се среќни што имале таков предок, а Даниел со гордост потенцира дека неговото средно име е Смиле, односно во полна форма тој е Даниел Смиле Војданов.

ПАНИХИДА ЗА СМИЛЕ ВОЈДАНОВ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Американско-канадски г. Методиј од Македонска православна црква -Охридска Архиепископија се одржа панихида за македонскиот револуционер и војвода Смиле Војданов на неговото вечно почивалиште. Панихидата ја отслужи протоереј Драган Јорданов, архиерејски намесник и парохиски свештеник во македонската православна црква „Рождество на Пресвета Богородица“ од Стерлинг Хајтс во Мичиген.  

ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ФИЛАТЕЛИЈАТА

Здружението „Заборавени Македонци“ по повод јубилејот „150 години од раѓањето на Смиле Војданов“ под истото мото денеска пушти во поштенски сообраќај пригоден поштенски плик и картичка со ликот на Смиле Војданов во ограничено издание од 150 пликови напоредно на македонски и на англиски јазик наменети за колекционерски цели.

ПОВАЖНИТЕ МОМЕНТИ ОД ЖИВОТОТ НА СМИЛЕ ВОЈДАНОВ

со опис на фотографиите:

1. Четата на Смиле Војданов и извадок од повикот на Војданов до македонските соборци-учесници во Илинденското востание од 1903 година:

„Дојде моментот да се дигнеме сите браќа Македонци и сестри Македонки рака за рака и рамо до рамо да застанеме заедно во борбата против петвековниот поробувач. Да ја извојуваме слободата на македонскиот народ, да ја спасиме нашата погазена национална и семејна чест. Слобода или смрт! Да живее ослободителната борба. Да живее македонскиот народ. Да живее слободата. Смрт на петвековниот поробувач и измачувач.„

2. Портрет на Смиле Војданов од 40-тите години на минатиот век:

„Ние се организираме пред сѐ на национална основа. Сакаме да видиме единство на емиграцијата и преку тоа да може да се постави изградбата на еден обединет македонски национален фронт. Ние веруваме во обединувањето, затоа што веруваме во еволуцијата на Македонците кон чистата македонска идеја“.

Извадок од интервју на Смиле Војданов дадено за весникот „Македонски вести„ од 1936 година

3. Извадок од Меморандумот поднесен до американската влада и претседателот Франклин Рузвелт на 11. февруари 1945 година од име на Македонско-американски народен сојуз (МАНС): „Македонското прашање е резултат на желбата и борбата на македонскиот народ за самоопределување и национална независност.“ Понатаму, образложувајќи ја историската димензија на македонската борба за слобода и независност, Војданов го споменува својот врсник Гоце Делчев и вели: „Борбата беше водена од ВМРО, формирана во Солун во 1893 година и оваа организација беше вистинска национална сила, предводена од страна на Гоце Делчев.“

4. Посета на Смиле Војданов на Македонија по Втората светска војна.

Смиле Војданов полага венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас„ во Скопје, Македонија.

Извор: дневен весник „Нова Македонија“

БИОГРАФСКИ ПРЕГЛЕД

Смиле Војданов (1872-1958) е илинденски војвода, македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација и долгогодишен деец во македонското национално движење во татковината и во иселеништвото. Роден на денешен ден (1. февруари) 1872 година во охридското село Лактиње (денес во општина Дебарца), во Македонија. Основното образование го започнал во родното село, а потоа отишол да учи во манастирот Св. Богородица Пречиста крај Кичево, каде станал ѓакон. Неколку години бил учител во с. Лактиње по што станал анџија во село Сливово. Во 1897-98 г. се запознал со дејноста на Македонската Револуционерна Организација (Внатрешната) и набргу станал нејзин заколнат член и агитатор.

Едно време бил четник во четата на својот соселанец Дејан Димитров, а потоа станал војвода на сопствена чета во охридскиот реон. Во летото 1903 година, по одржувањето на конгресот на Организацијата во с. Смилево, Војданов сведочи дека на едно собрание на војводите од охридскиот реон Христо Узунов им ја соопштил веста за конгресната одлука дека на 2. август, денот на Св. Илија: “ќе дигнеме востание за ослободување на нашата родна Македонија“.

По задушувањето на Илинденското востание, Смиле Војданов не се откажува од идејата за независна македонска држава. Својата борба ја продолжува во Северна Америка, каде долги години ќе дејствува меѓу македонските иселеници во САД и Канада.

Во куќата на Смиле Војданов во градот Понтијак, во државата Мичиген, во 1929 година е создадено првото независно македонско друштво.

По создавањето на повеќе вакви друштва во различни градови на САД, на 22. и 23. март 1930 во градот Толедо (Охајо) била одржана Првата конференција на македонските независни друштва. Тогаш Смиле Војданов е избран за Претседател на средишното раководно тело. На Првиот редовен конгрес за обединување на друштвата, од 24. до 26. тревен 1931 во Гери (Индијана), Смиле Војданов е избран за претседател на новосоздадениот Македонски Народен Сојуз.

По Втората светска војна го поздравува создавањето на македонската држава и се вклучува во континуирано испраќање на добротворна помош за татковината. Еден од иницијаторите и донаторите за изградба на Медицинскиот клинички центар во Скопје.

Починал на 4. март 1958 година и погребан е на гробиштата Пери Маунт Парк во Понтијак, САД.

Кон одбележувањето на јубилејниот роденден „150 години од раѓањето на Смиле Војданов“ се придружија и голем број македонски организации од целиот свет кои испратија телеграми до организиторите и семејството честитајќи го ликот и делото на славеникот Смиле Војданов. Покрај здружението „Заборавени Македонци“ од Франција, честитки упатија и „Обединети Македонци“ од Канада и Германија, Македонците од САД, Европа и Австралија како и архиерејскиот заменик на Американско-канадската епархија отец Синиша Ристовски. Организаторите комуницираа со Сенаторите Гери Питерс и Деби Стабеноу од Мичиген, но за жал поради вонредните услови со пандемијата и ниските температури тие не беа во можност да присуствуваат на настанот.

Како што нѝ објаснија од здружението „Заборавени Македонци“ и семејството Војданови активностите во одбележување на јубилејот ќе продолжат во текот на целата година и се надеваат дека пандемијата наскоро ќе стивне и ќе можат јубилејот да го одбележат помасовно на некој од Илинденските пикници, како што тоа го правеше нивниот Смиле, чиишто бројни собири сè уште ги паметат неколку најстари членови од семејството, а помладите ги гледаат преку фотографиите и снименот материјал од нивната богата семејна збирка.

„Ти нѐ научи војводо, да не се откажуваме и при првиот голем неуспех на востанието туку повторно да се преброиме, таму долу и ние овде, да ги сумираме грешките и да тргнеме одново во нови битки. Тој поттик, таа твоја искра не е изгасната и денес е водилка на сите нас. До нашата следна беседа ти се поклонуваме и остануваме со длабока почит.

Нека му е вечна слава. Амин!“

Вторник, 1.февруари 2022

Понтијак, Мичиген (САД)

– Од твоите сонародници Македонци – следбеници на твоето чисто патриотско дело за Македонија!

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Општина Лозово спремно ги дочека снежните врнежи во општината
Следна објава Викторија Никодиноска: Што Дочекавме?
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 650
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 1013
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 1013
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 659
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 635
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 858
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 650
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1119
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 590
Жена на денот
Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

665
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

2040
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201924
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
Во мојот град веќе не врне...
Колумна

Во мојот град веќе не врне...

Јан 22nd, 202017
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.