• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

ВМРО-ДПМНЕ со амандман бара зголемување од 25000 на 45000 денари плата за наставниците и професорите во основното и средното образование

февруари 10th, 2022 Македонија, Политика коментари 596

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
ВМРО-ДПМНЕ со амандман бара зголемување од 25000 на 45000 денари плата за наставниците и професорите во основното и средното образование

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денаска на прес конференција ги соопшти заложбите на опозицијата за зголемување на сите плати во јавниот сектор како резултат на зголемениот стандард за живеење во државата.

Тој во своето обраќање во јавноста денеска побара зголемување на платите на сите вработени во образованието од техничкиот персонал до наставниците и професорите согласно колективните договори а дефинирано во предлог амандманот кој што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска го поднесе до парламентот да биде разгледан во рамки на постапката за донесување на измените нз законот за минималната плата.

“Македонија е помеѓу 4-те најсиромашни држави во Европа, покрај тоа што е помеѓу трите најкорумпирани, најкриминални држави во Европа. Потрошувачката кошница на основните прехрамбени и други производи изнесува во  декември 35.042 денари, и оваа сума постојано се зголемува. Не се проблем само минималните плати, туку ниските плати кои што се поголем број на луѓе ги добиваат.

-Владата мора да има поголемо чувство за потребите на граѓаните. Треба да се симнат розовите очила и да престане да се фали со она во што никој не верува дека тука тече мед и млеко, па дури и дека гастербајтери ќе се враќале затоа што тука со минимална плата се живеело добро, како што велат од владата. Освен дека се во стаклено ѕвоно, се гледа и дека и се фрлени на гол популизам. Не се завршува работата со едноставно зголемување на минималната плата, туку со опсежно зголемување на платите кои мора да бидат усогласени со коефициентот на сложенос на работната сила. И тука не треба посебни формули туку почитување на веќе договореното, на веќе постигнатата согласност со синдикатите и колективните договори кои се на сила. Каква е таа социјална правда кога владата не ги почитува сопствените колективни договори.

Затоа денес пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи амандман на законот за минимална плата каде ќе се овозможи зголемување на платите во јавниот сектор.

Истото тоа го имаме и во основните училишта, ако започнеме со општ работник кој што има коефициент еден и досега имал минимална плата 15.200 денари сега ќе има 18.000 денари.

Тогаш соодветно надоле и хигиеничар, и перачка, сервирка, садомијач, ложач, ракувач на парни котли, возач и така натаму, па се до наставник приправник и наставник платите ќе бидат зголемени односно наставник приправник наместо досегашните 22.764 денари според амандманот кој го предлагаме, а согласно колективниот договор кој што го имаат потпишано со синдикатот и коефициентот на сложеност на тоа работно место треба да изнесува 41.256 денари нето. Исто така и за наставник кој што има коефициент 2.503, кој што досега има нето плата од 24.782 денари и согласно амандманот што ние го предлагаме да се усогласи со колективниот договор би требало да има нето плата од 45.054 денари. Истото тоа го предлагаме и за средните училишта односно професорите наместо сегашните 25.838 денари нето плата би требало да земаат според предлогот кој што ние го даваме 45.594 денари. Ова е во суштина предлогот на амандманот кој што денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го достави и очекуваме од страна на владата, од страна на парламентарните партии истиот амандман да биде прифатен затоа штоп секој заслужува подобро да живее и без разлика на тоа во кој дел на администрацијата имаме вработен, државата, владата треба да покажат одговорност и сериозност и да ги усогласат преку личен пример овие коефициенти, односно примањата на вработените во државната и јавна администрација.

За ова барање, бараме поддршка и од работниците, синдикатите и од пошироката јавност. Не е важно по чиј предлог ќе се добијат повисоки плати, туку тие навистина да се покачат.

Она што исто така сакам да го истакнам на денешната прес конференција е откако доживеа тежок пораз владата на изминатите локални избори и во првиот и во вториот круг, и откако се повеќе е јасно дека кога и да се случат предвремени парламентарни избори ќе доживеат тежок пораз и на тие предвремени парламентарни избори, владата одлучува да се свети на граѓаните во тие општини каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници со тоа што свесно ги намалува дотациите за вработените во градинките, но и во основните, а во Град Скопје и во останатите општини и во средните училишта. Како за пример во 2017-тата година дотациите за плати во општините биле 243.000.000 евра, во 2018-тата година дотациите за плати во општините каде што доминантно градоначалниците се од редот на СДСМ се 259.000.000 евра, односно за 16.000.000 евра повеќе. Во 2019-тата година таа бројка расте за 17.000.000 евра и дотациите достигнуваат вредност од 276.000.000 евра. Во 2020-тата година бројката продолжува да расте дополнителни 34.000.000 евра и таа бројка сега изнесува во 2020-тата година 310.000.000 евра. Во 2021-та година кога се уште се надеваат дека ќе останат тие градоначалници да бидат таму каде што се бројка расте за дополнителни 6.000.000 евра, и стигна до вредност од 316.000.000 евра. А, во овој историски највисок рекорден буџет кој што го донесе владата на ДУИ администрирана од СДСМ имаме намалување на дотациите за 4.000.000 евра и сега тие изнесуваат 312.000.000 евра. Ја повикувам јавноста сама да одговори на прашањето зошто ова се случува? А истовремено ја повикувам и владата на одговорност бидејќи граѓаните не се виновни затоа што тие се неспособни, затоа што се криминални и затоа што наместо да работеа нивните градоначалници се занимаваа со местење тендери, со крадење на граѓаните, не работа и нереализирање на тоа што го ветиле.

Бараме износот на коефициентите и вредноста на бодот на колективните договори на сите нивоа и во сите области да се усогласи со порастот на минималната плата при што скалесто се зголемуваат платите, каде основната вредност на најнискиот коефициент и бод се изедначува со износот на минималната плата. А каква е сега состојбата и што предлагаме  можете да видите на слајдот кој што е прикажан овдека. Дадена е симулација како е во градинките, во основните и средните училишта. Ова се бодовите во градинките, тука се и коефициентите на сложеност на работното место во основните училишта и нешто слично е и во средните училишта. Во моментот перачка – пегларка да речеме, садомијач – сервирка, помошник во кујна има 269 бодови, и има минимална плата од нешто повеќе од 15.000 денари и сега таа според колективниот договор би требало да изнесува нешто повеќе од 18.600 денари. Сите останати плати кои што предлагаме со закон да се нивелираат согласно колективниот договор ни се прикажани во продолжение односно во третата десна колона. А, овде е покачувањето и усогласени се според бодовите кои што ги има секое работно место во градинките.

„Затоа денеска имаме поинаква слика, имаме огромно мнозинство во ЗЕЛС и во Управниот и во Надзорниот одбор и огромно мнозинство градоначалници кои што се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и кои што испорачуваат и работат чесно и  посветено за граѓаните во општините каде што тие ги водат.

Секако ќе се постави прашањето дали има пари: За ова што е и законска обврска на владата согласно колективните договори, одговорот е пари има, само треба да престане да се краде и да запрат криминалните тендери.

Повеќе пари ќе се ослободат во економијата и ќе има повеќе пари за сите, и за вработените кои што се дел од јавната и државна администрација, нормално доколку владата одлучи да не продолжи со тоа што досега го правеа, а тоа е да се свети на граѓаните и вработените во општините каде што градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ па да ги крати дотациите.

ВМРО-ДПМНЕ очекува барем еднаш СДСМ да се однесува рационално и ајде еднаш заеднички да се избориме за својот народ, за сите граѓани“

-соопшти од партиската говорница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава ООУ Методи Митевски Брицо во Лозово стана едно од најдобро опремените училишта во Македонија
Следна објава Мицкоски: Ван Хауте нека си зборува за државата од кај што доаѓа, нашите Македонски експерти говорат поинаку
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 725
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 654
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 679
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1333
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 610
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 707
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 375
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 467
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 686
Жена на денот
Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

677
Маж на денот
Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

3111
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201924
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201921
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот
Регион

Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот

Авг 26th, 202220
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.