Одржувањето на добрите пријателски односи меѓу Македонија и Израел дури и во услови на глобални геостратешки предизвици и војна во Украина е приоритет за опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во текот вчерашниот ден пратеничката Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со претседателот на групата за пријателство меѓу Израел и Македонија во израелскиот Кнесет.
“Денес во Ерусалим остварив средба со Г-дин Муфид Мари, Претседател на групата за пријателство помеѓу Израел и Македонија во Кнесетот.
Зборувавме за долгогодишното искрено пријателство помеѓу нашите држави и силната соработка со која ќе продолжиме.”
-соопшти Рашела Мизрахи во врска со оваа средба.


