Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски придружуван од партискиот секретар за меѓународни односи Стефан Андоновски денеска остварија работна средба со директорот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за регионот на западен Балкан Пол Мекарти.
На средбата било разговарано за досегашната успешна соработка меѓу двете организации, како и продлабочување на успешната соработка и во иднина.
“Заедно со меѓународниот секретар на партијата Стефан Андоновски, остваривме средба со Пол Мекарти, регионален директор за Европа на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).
Ја поздравив одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ со ИРИ во организирање на настани и семинари за млади лидери и градење на транспарентност.
На средбата се разговараше и за актуелната политичка и економска состојба, како и евроинтеграциските процеси на Македонија во однос на спорот со Бугарија.
Потенцирав дека криминалот и корупцијата се распространети и во сите сфери на општеството, како и дека креатор на кризите во државата е владата на СДСМ и истакнав дека единствен излез од истите е само одржување на предвремени парламентарни избори и промени кои ќе обезбедат поквалитетна иднина и подобар стандард за граѓаните.
Во однос на спорот со Бугарија истакнав дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати нови условувања од страна на бугарската страна во делот на македонската историја, идентитет, нација и култура, укажувајќи дека тоа не може да биде предмет на преговори и договор.
Се согласивме дека постои традиционално добра соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ, и се договоривме истата да продолжи да се развива за поинтензивна соработка.”
-соопшти Христијан Мицкоски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во врска со средбата.


