“Николовски, со ветувања нива не се ора!!
Со оваа влада нашите земјоделци наместо да ги обработуваат нивите ќе почнат да ги продаваат тракторите.
Забеганоста на оваа влада и непознавањето на проблемите во земјоделието ги остави земјоделците да плаќаат иста огромна цена на нафтата за да произведат храна со оној кој го полни резервоарот на својот автомобил за на одмор.
А да биде работата и потрагична дури им се ветува и некаква зелена нафта за дел од земјоделците која никој незнае кога ќе им биде достапна.
А познавајќи ја оваа влада и ако уште некој ден се закасни со исплатата на субвенциите тогаш инфлацијата нив ќе ги претвори во пепел и со тие пари земјоделците не ќе можат да купат ни апчиња за смирување а не да ги искористат за да произведат храна за државата.
Затоа под итно да се исплатат сите субвенции кон сите земјоделци !”
-соопшти преку социјалните мрежи Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.


