• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Груевски: Дали ќе се реализира бугаризацијата зависи од македонскиот народ но и од политичките елити во Македонија

јули 25th, 2022 Македонија коментари 443

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Груевски: Дали ќе се реализира бугаризацијата зависи од македонскиот народ но и од политичките елити во Македонија

➡️ Не е тајна дека Бугарија преку обидите за промена на историјата и потеклото на македонскиот јазик и нација, и во минатото, и сега и во иднина ќе настојува од Македонија да создаде втора Бугарска држава на Балканот.

➡️Не им е проблем граѓаните да се нарекуваат Македонци во иднина а јазикот македонски, доколку се прифати дека до 2.август 1944 година Македонците биле Бугари кои говореле бугарски јазик, историјата им била бугарска и доколку се прифати дека потоа со политичка интервенција, прогон и тортура во СФРЈ, нацијата се преименувала од Бугари во Македонци а јазикот и историјата од бугарски во македонски.

➡️Македонско малцинство во Бугарија не може да се прифати бидејќи би противречело на оваа цел. Бугарско малцинство во Македонија во минатото не беше посакувано од Бугарија како уставна категорија, но сега се сменети плановите, бидејќи очигледно се цени дека уставната присутност би помогнала во полесна и побрза промена кон посакуваното, посебно ако се има контрола над учебниците по историја во училиштата и на универзитетите, книгите на македонските научни работници-историчари кои во иднина ќе се пишуваат, документарните и играни филмови и серии кои би се снимале, како и секојдневното пишување на македонските медиуми контролирано преку формата наречена “говор на омрза” за она што нема да се чуствува дека е во служба на зацртаната кауза, и сето ова заедно ставено и формално под контрола преку процесот на зачленување на Македонија во ЕУ.

Целите се долгорочни каков што ќе биде и долг процесот на зачленување во ЕУ.

➡️дали ова ќе се реализира или не, ќе зависи во голема мера од македонскиот народ но и од политичките елити во Македонија и нивното единство по националните прашања, политиките кои ќе ги водат, нивната независност во спроведување на политиките, подготвеноста за ризици и притисоци, умешноста на дипломатијата и меѓународните партнерства и сојузништвата.

➡️Во моментот со последните одлуки на владата и парламентот создадени се мошне солидни предуслови за реализација на тој план на Бугарија, но повторно, најмногу ќе зависи од народот и политичарите.

Во минатото, до Мај 2017 година “Договорот за пријателство” не можеше да се договори и потпише токму заради обидите на макеоднската влада да ги елиминира ваквите предуслови во текстот на тој договор кој е основа за документите усогласени и прифатени во текот на овој месец.

➡️ Не е точна тезата дека македонскиот народ никој досега не успеал да го асимилира, па нема да може ни од сега. Оние кои барем малку познаваат историја знаат дека низ последните 100-150 години милиони Македонци се асимилирани од Бугарија, Грција, Србија, Османлиската Империја а дел од нив и низ светот(се разбира не сите) како македонска емиграција. Ова се природни и политички процеси што насекаде се случуваат и ова што се однесува до асимилацијата на македонците е историски потврдено и го знае секој еден кој прочитал барем три книги за историјата на макеоднскиот народ.

➡️точно е дека и без документите и одлуките од месец јули Бугарија како земја членка на ЕУ можеше да го проблематизира зачленувањето на Македонија во ЕУ за да ги оствари овие цели.

Но ќе се судреше со многу земји внатре во ЕУ бидејќи тоа ќе го правеше без основа а тие на принципиелна основа ќе можеа да реагираат. Сега, создадена е основа, и притисокот врз Бугарија од другите земји членки на ЕУ и од САД, а во корист на Македонија, би одел многу потешко и со помалку аргументи.

➡️точно е дека ниту една земја до сега не го загубила својот идентитет во процесот на зачленувањето во ЕУ. Но, точно е и дека досега на ниту една земја не и биле поставени вакви услови како што сега и се поставени на Македонија преку прифатените документи овој месец.

➡️Членството во ЕУ треба да остане во фокусот на секоја влада на Македонија сега и во иднина, но со последните одлуки на власта се создадоа предуслови и за огромни други ризици од национален карактер, кои ќе бараат многу повеќе напор и внимателност во иднина и кои може да се основ за нови блокади на патот на членството во ЕУ.

➡️Не можеме да ја обвиниме ЕУ или Франција за нејзиниот предлог, бидејќи токму владата преку нејзини преставници, пред повеќе месеци официјално побара од ЕУ да го превземе решавањето на проблемот, односно спорот меѓу нејзината земја членка – Бугарија и Македонија како земја претендент за членство.

И еве ЕУ се согласи, на барање и во преговори и дијалог со македонската власт даде предлог.

Секако дека луѓето во власта знаеле дека кога ЕУ решава проблем меѓу земја нејзина членка и земја која не е членка на ЕУ, механизмите во ЕУ се такви што неможе да се очекува земјата членка да биде во понеповолна ситуација со тој предлог.

➡️ колку и да беше задоволство да се слуша во јуни и јули годинава “симфонијата” на аргументи и критики упатени кон власта од страна на стотици мои поранешни критичари и мои политички противници и неистомисленици, а на темата на националните прашања и Бугарија, и сето тоа во светлина на скоро усвоени документи и одлуки; колку и нивните изјави и натписи да личеа како јас да сум им ги напишал; колку и да стана јасно дека сите тие стотици аналитичари, новинари, преставници на НВО, шарени, реформатори, професори, глумци, владици, поранешни македонски амбасадори, историчари, бизнимени, лекари, режисери и разни други тазе национално разбудрни “стручњаци” се чини дека конечно разбраа од што тоа ние до мај 2017 сме се бранеле и со што сме се справувале кога не коректно и не чесно не обвинуваа дека свесно го кочиме патот на Македонија кон ЕУ, сепак овој месец и претходниот беше многу тажно да се гледа борбата, напорите, отпорот, противењето но и немоќта на измамениот македонски народ кон намерите и одлуките на една власт која го има загубено или се има одкажано од суверенитетот на земјата и не одлучува самостојно дури и за најважните национални прашања.

-фејсбук статус на Никола Груевски.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Уште еден нов асфалтен пат во Македонска Каменица. Овојпат за жителите на с. Цера
Следна објава Пополека привршуваат одредени позиции кои беа работени во изминатиот период од ЈП "Стипион" Штип
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 725
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 654
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 679
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1333
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 610
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 707
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 375
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 467
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 685
Жена на денот
Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

753
Маж на денот
Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

2140
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201926
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201921
Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот
Регион

Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот

Авг 26th, 202220
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.