• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

6 години Проект на УСАИД за граѓанско учество – Силни граѓани за отчетни институции

август 31st, 2022 Македонија коментари 364

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
6 години Проект на УСАИД за граѓанско учество – Силни граѓани за отчетни институции

На 29.08.2022 година во Скопје, Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) го одбележа завршувањето на шест годишниот Проект за граѓанско учество преку кој се поттикна и унапреди дијалогот меѓу граѓаните и владата за важни општествени прашања, го зајакна конструктивното учество на граѓанските организации во врска со политики и прашања насочени кон антикорупција, транспарентност и владеење на правото, и придонесе кон зголемување и одржување на  учеството на младите во јавниот живот во Северна Македонија. Преку проектот, УСАИД даде придонес во напорите на државата да промовира инклузивност, да ги вклучи младите во општествените процеси, да ја намали корупцијата и да ја зголеми транспарентноста и ефективноста на институциите.

На настанот се обрати Н.Е. Кејт Мари Брнз, Амбасадорка на САД во Република Северна Македонија, која истакна: “Вие јасно го гледате патот на земјата кон ЕУ и препознавате што заслужуваат граѓаните на оваа земја. Се надевам дека лидерите на политичката структура ќе сфатат колку е критично да се променат системите и структурите кои дозволуваат корупцијата да предизвика таква штета. Како што рече претседателот Бајден, „корупцијата е рак: рак што ја јаде вербата на граѓаните во демократијата, го намалува инстинктот за иновација и креативност… Го троши талентот на цели генерации. Тоа ги плаши инвестициите и работните места“. Постигнавме своевиден напредок, но има уште многу работа да се направи и ние ќе продолжиме да ги поддржуваме граѓаните на оваа земја додека се справуваат со тешките реформи за да се осигурате дека сите се еднакви пред законот и дека корупцијата нема да се толерира“, додаде таа.

Марк Дитрих, Потпретседател на Ист-Вест Менаџмент Институтот, посочи „Проектот на УСАИД за граѓанско учество работеше директно со Владата на Северна Македонија на реформите за антикорупција и транспарентност, под раководство на вицепремиерката Грковска. Заедно, воспоставивме основа за институционални промени во процесите и процедури за транспарентност, антикорупција и владеење на правото, особено во поглед на отворање на податоците на институциите кон јавноста. Во исто време, Проектот на УСАИД за граѓанско учество создаде побарувачка кај граѓаните за отворени податоци, како и за добро владеење, правично судење и учество на граѓаните. Позитивните подобрувања како ова не возбудуваат и ќе поттикнат надеж кај граѓаните на Северна Македонија, но иако е постигнат значителен напредок на централно и општинско ниво, има уште долг пат да се оди. Ние во Ист-Вест Менаџмент Институтот ќе се обидеме да ја продолжиме нашата мисија во Северна Македонија и да ги надградиме нашите успеси, достигнувања и партнерства.“.

Свое обраќање имаше и Славица Грковска, Вицепремиерка задолжена за политики за добро владеење во Владата на Република Северна Македонија, која се заблагодари за поддршката од УСАИД во поглед на реформите за антикорупција и владеење на правото, и притоа нагласи „Формирањето на посебен Кабинет задолжен за политики за добро владеење значеше дека оваа Влада има намера за воспоставување ред во државата од највисоко, па до најниско ниво. Поддршката од УСАИД за нас дојде во вистински момент, зашто ги воспоставивме темелите на принципите за добро владеење. Воспоставивме критеруми и стандарди, кои во иднина, на мое големо задоволство, ќе мора да бидат почитувани од сите. Успеавме да ги зајакнеме капацитетите на тимот, да изградивме одржливи партнерства со сите други институции, без да навлеземе во нивните надлежности, сеедно дали се тие дел од владата или независни, како судството, обвинителството или антикорупциската комисија, како и со граѓанскиот сектор и бизнис секторот, како релевантни чинители во екосистемот на владеење на правото“.

На настанот учествуваа претставници на државните институции, граѓанските и младински организации и млади лица кои биле партнери, соработници и корисници во рамки на проектот, и ги истакнаа успесите кои ги постигнале и реализирале со поддршката од УСАИД. Проектот за граѓанско учество го имплементираа Ист-Вест Менаџмент Институтот, во партнерство со локалните партнери Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ

Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 840 милиони долари во Република Северна Македонија од 1993 година досега. УСАИД е најзначајната меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до резултати во развојот. Работата на УСАИД носи напредок во националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја покажува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој. За повеќе информации, посетете ги веб и Facebook страниците: https://www.usaid.gov/north-macedonia и https://www.facebook.com/USAIDNorthMacedonia/.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Владата секоја година плаќа над 1 милион евра за превенција против природни непогоди, кои сепак се случуваат и нанесуваат штета
Следна објава Извештај за реализирани активности на ЈП "Стипион" Штип за 31.08.2022 г
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 564
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 542
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 533
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1193
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 512
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 595
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 321
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 560
Жена на денот
Ова е Дева Касел- ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел. Дали со убавина ги надминува своите родители?

Ова е Дева Касел- ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел. Дали со убавина ги надминува своите родители?

1609
Маж на денот
Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

2155
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4275
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење
Магазин

Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење

Јун 10th, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.