Пополека поминува првата година од мандатот на градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски. Со историски највисок процент на реализација на предвидени активности со над 100 тина реализирани проекти оваа година за ЕЛС МАкедонска Каменица е и тоа како успешна. За ваквиот успех најзаслужни се вработените во локалната самоуправа како и во локалните институции во Македонска КАменица кои што со целиот свој капацитет и потенцијал се внесоа во реализацијата на планираните проекти на градоначалникот Атанасовски.
До крај на тековната календарска година се очекува финиширање на веќе почнатите проекти но во ЕЛС МАкедонска Каменица наголемо се кројат планови за реализација на уште поубави проекти за претстојната 2023 година.
Еден од најсимпатичните проекти кои што градоначалникот Димче Атанасовски го има предвидено за реализација е обезбедување на бесплатни оброци за најмалите во детстаката градика “Бамби” како и за учениците во основното училиште во Македонска Каменица.
“ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ПРАВИ ИСТОРИСКИ ИСЧЕКОР – БЕСПЛАТЕН ОБРОК ЗА ДЕЧИЊАТА ВО ЈОУДГ „БАМБИ“ И ООУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, НОВИ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ, ДЕСЕТИНА НОВИ ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА, ПОДОБРУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ, ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, НОВИ ПАРКОВИ И ДЕТСКИ КАТЧИЊА ЌЕ БИДАТ РЕАЛНОСТ ВО 2023 ГОДИНА
Почитувани,
Поминува првата година од мандатот на градоначалникот Димчо Атанасовски, година во која и покрај многуте турбуленции, енергетска и економска криза, успеавме да реализираме или сме во завршна фаза на реализација на стотина проекти или активности кои значително го подобруваат квалитетот на живот во Македонска Каменица. Поставивме високи стандарди, ветивме дека ќе ја изградиме најмодерната општина во Македонија и заеднички со граѓаните тргнавме во таа насока.
Започнуваме со креирање на Буџетот за 2023 година и за таа цел ќе биде објавен Јавен повик за прибирање на предлози и идеи за утврдување на проектите кои ќе се реализираат во текот на наредната година. Приоритетни области кон кои ќе биде насочена Општина Македонска Каменица се обезбедувањето на бесплатен оброк за дечињата во ЈОУДГ „Бамби“ и ООУ „Св.Кирил и Методиј“. Со веќе воведените нови мерки – финансиска поддршка за секое прваче и за сите средношколци запишани во прва година во СОУ „Миле Јаневски Џингар“, со средствата обезбедени за стипендирање на најдобрите ученици и студенти, како и со воведувањето на бесплатен оброк, за директна поддршка во образовниот сектор ќе бидат издвоени околу 10 проценти од општинскиот буџет.
Планирано е зголемување и на средствата за директни социјални трансфери, односно зголемување на финансиската поддршка за ранливите категории на граѓани, со што ќе влијаеме врз намалувањето на социјалната нееднаквост.
Остануваме силно посветени и на решавањето на проблемите од областа на ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА – изградба на нови локални патишта или тампонирање на патиштата до поодалечените и поретко населените места во руралните средини. Трајно решавање на проблемите со ВОДОВОДНА и КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА во руралните средини, почеток на имплементација и реализација на проекти од областа на ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, изградба на инфраструктура во ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА, изградба на нови ПАРКОВИ и ДЕТСКИ КАТЧИЊА, обезбедување на поддршка за МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ.
Веќе докажавме дека со рационално трошење на буџетските средства може да се изгради многу и да се обезбеди поддршка за сите категории на граѓани и ќе продолжиме во тој правец. Ставивме крај на трошоците за угостителски услуги и започнавме со укинување на сите трошоци кои не се од суштинска важност за функционирањето на локалната самоуправа. Дадовме збор дека ќе градиме најмалку два огромни проекти годишно и стоиме позади дадениот збор. Продолжуваме посветено и одговорно и веруваме дека 2023 година ќе биде историски најуспешна за нашиот град и дека заедно со нашите жители и заедно со членовите на општинскиот Совет ќе ги креираме најдобрите решенија.
ПРОДОЛЖУВАМЕ ЗАЕДНО ДА ГРАДИМЕ НОВА ИДНИНА!”
-информираше градоначалникот Димче Атанасовски во врска со сите овие актуелности кои се реализираат во интерес на самите граѓани.


