Во присуство на премиерот на Бугарија Галеб Донев кој што исто така како неговиот домаќин Димитар Ковачевски не биле бирани од страна на граѓаните на избори, денеска присуствуваа на настан за повторно започнување на изградбата на пругата кон Бугарија.
Ајде што овие двајца нелегитимни премиери излегуваат и се сликаат во јавноста со нивните скапи костими, на ваквиот веќе демоде настан зачудува присуството и на евроамбасадорот Дејвит Гир.
Повторно по повеќе од деценија ипол се делат политички флоскули, се шири оптимизам во услови кога народите на двете земји се под егзистенцијална криза.
„Со посветена соработка градиме наша заедничка иднина, обезбедуваме можности за стопанството, бизнис заедницата, вложуваме во функционално, модерно, железничко поврзување на целиот овој регион. Оваа инвестиција на Северна Македонија и отвора нови европски рути за железнички превоз, воспоставува регионално поврзување со пристаништата во Бургас и Варна во Бугарија и Драч во Албанија што е од исклучителна важност за нашата економија но и генерално за соработката на регионот во целина.“
-рече премиерот на Македонија Димитар Ковачевски на настанот кој треба да ги потсети оние кои беа заборавиле дека кога СДСМ беа на власт во едно друго време исто така ја почнуваше изградбата на оваа пруга кон Бугарија.