Зошто е толку разноврсна и богата македонската песна? Зошто толку песни се посветени на Македонија, токму од Македонците, не од Грците, Бугарите, Србите. Не од оние кои ја заграбувале Македонија.. И тогаш кога не смеел да се нарекува Македонец и тогаш кога не смеел да зборува на својот јазик Македонецот пеел и си ја пишувал историјата.
Коста Солев Рацин имал посебен однос кон македонската фолклорна традиција. Таа за него била нешто највисоко и недостижно, нешто без кое сопствениот корен ќе изгние и ќе не нема. Затоа во еден негов есеј во ракопис ќе запише: „Има нешто во Македонија за кое може да се зборува многу и да се пишува со наслада и радост. А тоа е македонската народна песна….
Кога се пеат македонските песни, еден силен, широк бран, полн со неисцрпна мака и длабочина нија преплавува душата. Во нас воскреснуваат изминатите дни, тиха жалба и најсокровените чувства на нашето срце. Сето она што можело во животот слободно да се каже, она што требало да се премолчи, сето она што морало да се преживее во себе, го нашло своето место во песната. Во македонската песна е скриена тагата на мајка, потемнета од жалост, пресвиткана над огништето каде што огнот нечујно гасне, скриен е безнадежниот глас на ветерот што полека замира во оџакот, скриени се непоимливите моменти на љубовта, растрепенените радости, тихиот шепот на расцутените нарциси в поле и екотот на белите столетни букови стебла… Песната на Македонија е нејзина молитва, огледало на нејзината душа и нејзина воздишка…“
Македонија вечна..
-Фејсбук статус на Професорката Виолета Ачковска


